За нас

Што е STEM ?

Во светски рамки се повеќе се препознава значењето на STEM образованието како механизам за креирање на долгорочна вредност и најзначајна инвестиција во едукацијата на децата.  Да се биде успешен во современа економијата базирана на знаење бара совладување на нов збир од знаења, способности и вештини. Тие вклучуваат познавања на основните принципи на математиката и природните науки, и способност за употреба на информациска и комуникациска технологија, писменост, вештини за странски јазик, но и така наречените меки вештини како што се иновативно размислување и способност за размислување надвор од рамките, начин на размислување за решавање проблеми, критичко размислување, тимски способности и сл.

Што е STEM Академија ?

Имајќи ги на ум, сите овие факти и податоци од најновите истражувања, Фондацијата за промовирање на иновативно учење, едукација и личен развој, STEM Академијата спроведува високо едукативни и забавни програми за деца од 5 до 12 години базирани на STEM (Science, Technology, Engineering, Math) во кои децата ќе ги научат клучните содржини базирани на STEM, како и приемена на најбараните вештини на 21от век, како иновативно размислување, тимската работа, одлично комуникативно изразување и критичко размислување. Во овие наменски креирани програми, децата преку соодветно осмислени игри и активности во кои се користат наменски развиени LEGO® елементи ќе го изнајдат одговорот на сложените прашања, проблеми или предизвици и ќе им помогнат на децата да ги научат клучните содржини, како и приемена на најбараните вештини на 21от век.

Каков е тимот на STEM Академијата? 

Тимот на STEM Академијата е составен од голем број на професионалци од својата област. Во тимот имаме луѓе со докажана експертиза во работа со деца (педагози), експерти за човечки ресурси, докажани инженери, комуникологози, дефектолози, професори по математика и итн. Сите овие професионалци не само што ја имаат поминато наменската обука за пренесување на знаење од LEGO® програмата во училница туку од аспект на полето на сопствената експертиза, придонесуваат во прилагодувањето на програмите со што се додава дополнителна вредност, па така програмите се прилагодени максимално согласно потребите на децата.

Со какви реквизити учат децата?

Реквизитите се специјално изработени LEGO® елементи наменети исклучиво за потребите на LEGO® образование и тие подлежат на највискоите стандарди на LEGO® за безбедност на материјали, бои и слично.