СТЕМ Академија започнува со Microsoft eдукативни програми

Published in Uncategorized

СТЕМ Академија започнува со воведување на светски признатите Microsfot едукативни платформи и програми за стекнување на СТЕМ вештини и знаење, базирани на Microsoft курикулуми и примена на соодветна Micorosoft технологија во целокупниот процес на едукација. Овие едукативни платформи се фокусирани на развој на вештини кои се релевантни за учениците и кои ги подготвуваат за предизвиците на работните места во 21ви век.

За таа цел Microsoft Македонија и СТЕМ Академија потпишаа Меморандум за разбирање меѓу двете институции. Microsoft едукативната програма ќе биде достапна во понудата на СТЕМ Академија од септември годинава.

“Ни претставува задоволство да ја подржиме СТЕМ Академија како најстара и најреномирана едукативна организација која долги години успешно креира СТЕМ вештини кај децата. Ги ставаме на располагање докажаните СТЕМ базирани Microsoft  курикулуми кои овозможуваат градење на СТЕМ вештини за учениците на возраст од 5-20 години. За таа цел спремни сме да ги ставиме на располагање нашите ресурси и технологии применливи во процесот на едукација, како и  при градење на компетенциите на едукаторите кои ќе ја спроведуваат СТЕМ едукативната програма”, изјави г-дин Љупчо Геогриев, генерален директор на Microsoft Mакедонија

Според податоците н а Американскиот департмент за работна сила сите десет најбрзорастечки занимања и воедно најплатени професии во периодот 2008-2018 влегуваат во групата на СТЕМ кариери. Оттука СТЕМ едукацијата може да се смета за една од најзначајните двигатели на економијата на национално ниво, но и на конкурентноста на економиите на глобално ниво.

“Microsoft e eдна од компаниите кои од самиот свој почеток работи на развивање на алатки за подобрување на образовниот процес. Посветеното работење во овој дел резултира со бројни Microsot алатки и апликации кои денес се користат во многу училишта насекаде низ светот. Исто така Microsot има развиено голем број на методологии за управување со организации кои вклучуваат методи на учење на 21 век, кои се имплементирани насекаде низ светот” – изјави г-ѓа Влора Адеми, сениор менаџер за развој на бизнисот во областа на образованието во Microsot Македонија

Веќе подолг период современиот модел на учење на СТЕМ знаењата и вештините во Македонија го нуди и промовира СТЕМ Академија од Скопје. Со потпишувањето на Меморандумот за разбирање, СТЕМ Академија на своите ученици им овозможува посетување на Microsot едукативната програма која за жал досега не беше достапна за македонските ученици.

“Прогнозите се дека околу 65% од денешните ученици во иднина ќе работат на работни места кои се уште не постојат. Затоа е битно да се потикнуваат учениците да размислуваат критички и сами да изнаоѓаат решенија на поставените проблеми како вештини  кои најмногу би им служеле во иднина. СТЕМ Академија посветено работи на градење на овие вештини кај децата повеќе од три години, користејќи ги светски познатите програми на LEGO Education. Потпишувањето на Меморандум претставува дополнување на нашата понуда со врвните едукативни програми и технологија на Microsot. Ова претставува уште еден чекор кон овозможување на најдобри услови за стекнување на СТЕМ знаења и вештини за децата од нашата земја” , изјави г-дин Жарко Поп Илиев, извршен директор на СТЕМ академија.