THE FACTS
89% од учениците кои учествуваат на натпреварот знаат да дизајнираат роботи
88% од учениците кои учествуваат на натпреварот знаат да програмираат робот
99% од учениците кои учествуваат на натпреварот имаат подобрување во тимските вештини
98% од учениците кои учествуваат на натпреварот имаат подобрување во вештините за решавање на проблеми
90% од учениците кои учествуваат на натпреварот покажуваат подобрување во нивната иновативност
СТЕМ Академија и ФЛЛ
СТЕМ Академија за првпат учествуваше во сезоната 2018/2019 година на ФЛЛ со тимотSPACE WALKERS тим кој е составен од деца кои посетуваат часови од СТЕМ (наука технологија, инженерство и математика) во рамките на СТЕМ Академија. Нашиот тим го сочинуваат Јован, Марко, Симон, Иван, Габриел, Лука, Стефан, Мина, Матеј, Лео, Давид и се ученици од 5 – 9 одделение во неколку скопски училишта. Она што е важно би сакале да објасниме што всушност е FIRST LEGO LEAGUE.
FLL во Македонија
На турнирот на FLL лигата одржан на 23.02.2019 во Штип нашиот тим го освои првото место во севкупното бодување и заедно со уште еден тим од Македонија се пласираше на учество во финалето на Адриа FLL лигата во Целје.
СТЕМ Академија и финале на ФЛЛ Адриа Лига лига во Целје
Натпреварот во Целје беше едно огромно искуство за тимот, кој првпат се соочува со ваков натпревар. Турнирот беше одржан во Првата основна Школа во Целје. Каде учествуваа 30 тимови од Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора. Неискуството го направи своето и го освоивме 8 место иако цело време бевме 4 се до последните моменти но тремата и неускоството го направи своето. Но како што спомнавме претходно освоивме награда за Најкомплетен тим на натпреварот. Според освоените бодови на овој натпревар на ниво на Европските натпревари се стекнавме со правото на учество на светското првенство во Либан. Колку е престижно ова првенство покажува и фактот дека на него учествуваат 500 деца од 49 земји од светот кој се пласирале.