LEGO Education

Пролетни СТЕМ работилници

Пролетни работилници за деца од 5-16 години

Europe House во соработка со СТЕМ Академија организираат бесплатни STEM (Science Technology Engineering and Math) онлајн работилници базирани на LEGO Education методологијата.

Целта на овие работилници е во овие предизвикувачки времиња да воведеме малку забава за децата, но и стекнување на основни знаења од науката и технологијата низ игра.

Работилниците ги изведуваат специјализирани едукатори од СТЕМ Академија и се базирани на LEGO Education методологија за развивање на вештини на 21 век.

Еднодневните работилници се изведуваат во следниве денови:

Датум работилница
17.04.2021 Работилница за деца од 5-6 години
24.04.2021 Работилница за деца од 6-8 години
08.05.2021 Работилница за деца од 8-10 години
22.05.2021 Работилница за деца од 10 години

Во зависност од возраста, на работилниците ќе се изведуваат активности поврзани со научни концепти, технологија, математика и роботика, изведување на интересни проекти и пред се` забава која вашето дете ќе ја помни.

Заради големата заинтересираност потребно е да се регистрирате на формата од десна страна.

Ве очекуваме!

Форма за пријавување