Minecraft 9+ години

Minecraft 9+ години

Minecraft најчесто се објаснува со фразата “игра на песок“. Ова објаснува дека играта претставува виртуелен свет (виртуелна земја) во кој учениците созадаваат свои светови и искуства со помош на градење , користење извори кои што самите ги смислуваат врз база на својата креативност.

Minecraft најлесно може да се објасни како игра без правила. Таа нема конкретни инструкции или правила или цел (крај на играта) – учениците можат да градат, да истражуваат што сакаат, како сакаат и колку сакаат. Најчесто таа е споредувана со виртуелно Lego.

Minecraft Education Edition е посебна верзија на MInecraft која Microsoft ја има приспособено за да се постигнуваат едукативни цели. Во голем број училишта во САД и UK се применува како едукативна средина која ја поттикнува креативноста, решавањето на проблеми, тимската работа и критичкото размислување.

Придобивки од едукативните програми изведени преку Minecraft Education Edition:

Подобрување на животните вештини

  • Поттикнување на креативностаВо светот на Minecraft концептот на ограничување не постои, децата ја користат својата фантазија, па градат замоци во вода, куќи на дрво, дворци и сл. кои постојат само во нивните соништа.
  • Решавање на проблеми и креирање план за постигнување на дефинираните целиГи насочува да размислуваат како да ги решат проблемите и да ги постигнат зацртаните цели.Децата треба да размислуваат два чекори нанапред за потребната активност.
  • Ги учи како да поставуваат целиНе постои опција за “победа”.Децата имаат слобода за експериментирање, слобода да одлучат како сакаат да им помине времето, дали преку градење или преку собирање ресурси. Сами одлучуваат што ќе прават, а тоа им дава чувство на контрола над самите себе и над околината, на тој начин развивајќи им ја креативноста.Идентификација на сопствените цели ги поттикнува да размислуваат што сакаат да остварат
  • Ги учи на само мотивација за постигнување на цели
    Платформата нема постигнување на конкретна цел во смисла на тоа кој прв ќе стигне до целта или кој прв ќе ја спаси принцезата. Децата постојано се наградуваат кога ќе ја постигнат својата дефинирана цел. Тоа ги мотивира да поставуваат свои цели и да изнајдат најдобар план за полесно и ефективно достигнување на истата.
  • Соработка и социјални вештини- Платформата е одличен пример за тимска работа (тимска игра)

Minecraft им помага на децата полесно да стекнат вештини кои им се потребни во училиште

Она што Minecraft го нуди е полесно исполнување на школските обврски, проширувајќи им го знаењето на децата. Играта овозможува 3Д креативност и полесно снаоѓање во просторот, односно полесна визуелна перцепција на објектите. Minecraft бара од децата да размислуваат три чекори нанапред со цел да ги решат целосно проблемите со кои се соочуваат, што значи дека се развива способност за саморегулирање, кој на импликативен начин делува на целосно завршување на веќе започнатите работи во реланиот живот (пр. децата се насочени кон завршување на започнатите студии во иднина и сл.)

Го поттикнува аналитичкото размислување и истражување

Платформата им овозможува на децата активно истражување на светот во кој се наоѓаат. За да може да ги осознаат законитостите на светот, децата мора да побараат информации(известувања за помош при остварување на целта, трикови, да погледнат видеа на YouTube, да побараат некои вебстрани) од кои ќе извлечат информација што од сето тоа им е потребно и корисно, а што е она што не им треба за да ја остварат дефинираната цел. Тие ќе научат да анализираат милион извори преку кои што ќе научат што е најкорисно, највредно, најбитно за нив, а што воопшто нема вредност.

Математиката ја прави забавна

  • Геометријата станува полесна за да се совлада
    Геометријата претставува малку покомплицирана постапка од внесување на бројки во калкулаторот или пак обичното цртање на линии. Minecraft користи различни фигури и различен вид на простор за ученикот да може полесно да изгради одредениот замислен објект.

Главни вредности на програмата

  • Децата користејќи ја оваа програма ќе:научат да моделираат, претстават и решат најразновидни математички проблеми зададени текстуално
  • ги разберат бројките нивното подредување како и операциите со бројки
  • научат да моделираат и да димензионираат најразновидни површини и облици
  • научат да мерат и графички да ги презентираат резултатите од мерењето
  • ќе научат позиционирање во одреден простор
  • развијат компетенции и ќе научат активно да ги користат овие компетенции при решавање на математички проблеми
  • стекнат компетенции за решавање на математички проблеми.

Што се учи во оваа програма?

Фокусот на оваа програма е да обезбеди конкретени активности кои ќе ги мотивираат и предизвикаат децата за решавање на проблеми користејќи LEGO® коцки како стимулирачки процес преку кој се изведува математичкото резонирање и истражување.Оваа програма е едукативна алатка за практично стекнување на математички вештини како и вештини за решавање на математички проблеми. Програмата им овозможува на децата практично да ги користат основните математички компетенции и стратегии како што се логичко резонирање, разложување на математичките проблеми на поедноставни, лесни за решавање, проблеми, прецизност, применување на стекнатото знаење и визуелно и графичко претставување. Со користење на LEGO® елементи и примената на постоечките сознанија од секојдневието, децата се чувствуваат охрабрени и мотивирани да размислуваат, пишуваат и говорат слободно за математиката