Python 101

NETCETERA PYTHON 101

Цел на програмата

Новата реалност која ја наметна пандемијата на КОВИД 19, покажа дека во светски рамки се повеќе се бараат вештини поврзани со дигитализацијата на виртуелниот свет. Вештините како решавање проблеми, критичко размислување, кодирање, како и методи на решавање на проблеми кои вклучуваат изразување на проблемите и решенијата на начин на кој можат да се извршат во дигитален свет, стануваат неопходни вештини кои децата треба да ги развиваат со цел да станат релевантни во светски рамки. Знаејќи го ова STEM Academy во соработка со Netcetera подготвија онлајн-курс Netcetera Python 101, со цел да се помогне на учениците од 14 до 17-годишна возраст да почнат да ги развиваат овие вештини.

Како главни вредности за посетителите на овој курс се:

  • развивање на вештини за решавање проблеми и критичко размислување
  • развивање на логика, алгоритамско размислување
  • развивање на техники за решавање на проблеми, како и претставување на решенијата на начин на кој можат да се се извршат во дигитален свет
  • јакнење на самодовербата
  • спознавање како работите функционираат
  • развивање на способност за предвидување на проблеми и нивно избегнување или надминување
  • јакнење на упорноста, позитивен став кон грешките и неуспесите
  • јакнење на креативноста на забавен начин преку креирање на работи кои функционираат
  • себе-спознавање кое е корисно во одредување на својата кариера
  • охрабрување на размислувањето надвор од рамките
  • стекнување на основни знаења на кодирање во Python на практичен начин преку изработка на програми и игри.

И сето тоа на забавен, интересен и предизвикувачки начин кој не станува здодевен.

Програма на курсот

Во Netcetera Python 101 курсот, децата ќе ги учат основните принципи на програмирање и тоа:

  • пишување на код во Python
  • секвенционирање
  • користење на објектно ориентирани библиотеки
  • користење на наредби за повторување
  • користење на услови
  • користење на варијабли
  • правење и повикување на функции
  • програмирање на кориснички интерфејс
  • како и изготвување и анализарање на алгоритми кои ќе бидат користени во вежбите.

Сите овие работи ќе се учат на практичен и забавен начин, преку изработка на игра, за која децата сами ќе ги смислат правилата.

Зошто Python

  • Python e еден од најбрзо растечките програмски јазици, и потребата од Python во наредните години ќе се зголемува
  • Се користи во најголем број на апликации како:
      1. Наука за податоците и анализа на голем број на податоци.
      2. Машинско учење.
      3. Апликации за вештачка интелигенција.
      4. Автоматизација.
  • Популарноста на Python само ќе продолжи да расте, и многу експерти веруваат дека јазикот ќе продолжи понатаму да се употребува поради неговата моќ, едноставност и фактот дека веќе постои огромна количина на Python-код вграден во рамките на големите проекти кои ќе имаат потреба од развој и одржување за следните години.

 

Зошто STEM Academy и Netcetera

STEM Academy е фондација која е најстара и најискусна организација во јакнење на т.н. СТЕМ-вештини (Science Technology, Engineering Math) и применување на иновативни методи за јакнење на најнеопходните вештини на 21 век. Работи повеќе од 6 години со цел да се овозможат децата да стекнат нови вештини, кои ќе им овозможат идентификација на можности и нивно искористување.

Netcetera е тим од 650 експерти на глобално ниво, во разни области. Компанијата е основана во Швајцарија во 1996, а во Македонија е активна веќе 20 години преку своите канцеларии во Скопје, Битола и Охрид. Во 2020 година, Netcetera Македонија го вработи својот 300-ти член.

Компанијата произведува софтвер кој им е значаен на многу бизниси и општества. Вработените во Македонија, Швајцарија, Германија, Австрија, Лихтенштајн, користат најнови технологии, истражуваат и редовно го следат технолошкиот прогрес.

Netcetera, како општествено одговорна компанија, безрезервно ги споделува и става на располагање целото свое искуство и експертиза. Веќе долги години се присутни помеѓу студентите, активно соработуваат со техничките факултети и редовно поддржуваат активности и настани како хакатони, натпревари, предизвици, организирани од странски и домашни програмски организации, гејминг-натпревари, здруженија на млади во областа на роботиката и уште многу други.

Силно верувајќи во стекнување и споделување знаења, Netcetera организира обуки како за своите вработени, така и за студенти и средношколци, во оваа насока и соработката со STEM Academy.

За кого е наменет курсот

Овој курс е наменет за деца од 14 до 17-годишна возраст. Бидејќи курсот е персонализиран и прилагоден на знаењата на децата, наменет е: како за деца кои се почетници во програмирањето и сакаат да пробаат да програмираат, така и за веќе искусни кои имаат искуство и знаење од областа на програмирањето.

Колку трае курсот и како ќе се изведува наставата

Курсот трае 16 термини и секој термин е во времетраење од 1,5 часа. Наставата ќе се изведува еднаш неделно, онлајн, во времетраење од 1,5 часа и ќе се изведува секој Понеделник од 19h. Децата ќе добиваат и домашна во периодот помеѓу часовите, кои нема да бараат нивни голем ангажман.

Кој ќе ја изведува наставата

Наставата ќе ја изведуваат тренери од Netcetera, кои имаат огромно искуство преку учество во најразновидни проекти на Netcetera во целиот свет.

Каква опрема и софтвер се потребни

Секој учесник потребно е да има компјутер поврзан на интернет, и секој дополнителен софтвер ќе биде споделен од страна на инструкторите.

Цена на чинење

Цената на чинење е 2500 денари за 4 термини, која се плаќа на месечно ниво.

Каде се врши пријавување

Пријавувањето се извршува на формата за пријавување од десна страна, најдоцна до 15ти Октомври 2020г.

Кога ќе започне

Курсот стартува од Понеделник 19-ти октомври во 19 часот.

Колкав е бројот на деца кои можат да присуствуваат на курсот

Бројот на деца кои можат да присуствуваат на курсот е ограничен на 20 деца.

Дополнителни информации

За дополнителни информации обратете се на телефонскиот број +389 70 328 542 или контактирајте не на prasanja@stem-academy.org

Форма за пријавување