Трансформирајте го вашето родителство со серија на работилници:

"ЧЕКОР ПО ЧЕКОР ДО ПОЗИТИВНО РОДИТЕЛСТВО"

Доколку
  • Се чувствувате исклучени од животот на вашите деца поради вашиот зафатен распоред
  • Имате потешкотии во воспоставувањето позитивен и цврста ралција со Вашите деца со иста возраст
  • Имате потешкотија во справување со конфликти и воспоставување дисциплина без прибегнување кон викање или друго негативно однесување
  • Сакате да го намалите стресот и да создадете хармонична домашна средина
  • Имате желба да создавање трајна и взаемна врска со вашите деца
  • Сакате да креирате семејна средина исполнета со љубов и поддршка, и да ја подобрите релацијата со вашето дете
Серија од практични работилници за да помогнеме на родителите да развијат вештини и стратегии што им се потребни за ефективно да комуницираат со своите деца, и со целото семејство дури и во предизвикувачки ситуации. Работилниците се предводени од специјализиран психолог, со што се обезбедува практична обука и алатки кои родителите можат да ги имплементираат во нивниот секојдневен живот. Може да се чувствувате сигурни дека не сте сами на ова патување. Програмата се состои од 10 работилници водени од искусен психолог со експертиза за семејни односи. Секоја работилница е дизајнирана да биде интересна, интерактивна и прилагодена на потребите на родителите и децата.
  • Отстранете го викањето и конфликтите во комуникацијата со Вашето дете
  • Зацврстете ја вашата ралација со Вашите деца
  • Научете практични стратегии за намалување на стресот и создавање на хармоничен дом.
  • Изградете трајни врски со вашите деца преку серијата на работилници " чекор по чекор до позитивно родителство"
  • Притоа имајте стручна и практична поддршка во секој чекор од искусен експерт од таа област


  • аВреметраење на програмата : секоја сабота во периодот од 10 недели
  • Времетраење на сесиите 2-2.5 часа
  • Број на учесници : Минимум 10 - Максимум 14
  • Формат: Работилници со јасно дефинирани резултати. На работилницата се вежбаат техниките, кои се применуваат дома. На следната сесија се дискутира успешноста или потешкотиите со кои се сретнале учесниците и како да се надминат
  • Предавач/фасилитатор Моника Филиповска, Магистер по Психолошки науки, Семеен Системски Советник
  • Сесиите се изведуваат во просториите на СТЕМ Академија кои се наоѓаат во спортската сала Борис Трајковски
  • Цена 13 000 денари или две месечни рати по 7500 денари
  • Гаранција за враќање пари !!!! - доколку после првата работилница процените дека ова не е за вас ги враќаме уплатените средства


  • Програмата се состои од следниве модули/работилници (погледнете видео од разговорот со Моника Филиповска)
  • Модул 1 - Родителство и родителски ставови
  • • Стекнување свесност за влијанието на семејството како систем во процесот на родителствување
  • • Препознавање на повторувачките обрасци од нашето семејство
  • • Изработка на скала на проценка на семејни односи
  • • Дефинирање на целите на родителот
  • • Идентификување на типот на родителскиот ставов кој родителот го поседува
  • • Препознавање на позитивните и негативните индикации на стилор на родителот
  • Модул 2 - Куќен ред и правила во домот
  • • Правила и зошто се потребни
  • • Како да се пристапи кон воспоставување на правила во семејството
  • • изработка на скала на проценка на семејни односи
  • • Едногласно прифаќање на правилата
  • • Изготвување на куќен ред во семејството
  • Модул 3 - Tete-a tete со своето дете
  • • Што претставува tete-a tete
  • • Воспоставување на основните принципи на во релацијата родител дете
  • • Увид во перцепцијата на детето за одговорностите кои родителот ги има
  • • Влијанието на релацијата родител дете врз функционалноста на семејството
  • Модул 4 - Гледам, слушам, чувствувам-кажувам
  • • Зацврстување на релацијата родител-дете,
  • • Развивање на вештини за препознавање на чувства, нивно изразување и уважување
  • • Значењето од физичкото и менталното присуство на родителот во комуникацијата со детето
  • • Начини за воспоставување на присуство на родителот во комуникација со детето
  • • Давање на комплименти и мотивирање на детето за изведување на задачи
  • Модул 5 - Конкретни и позитивни насоки
  • • Начини за давањето насоки на детето,
  • • Влијание на очекувањата и нивно (не)исполнување на начин на кој родителот очекува
  • • Задавање на насоки како прашања
  • • Правилно искажување на пофалби кон детето о
  • Модул 6 - Конкретни и позитивни насоки
  • • Однесување на родителот при позитивно однесување на детето
  • • Однесување на родителот при негативно однесување на детето
  • • Начини на игнорирање на позитивното и негативното однесување на детето
  • Модул 7 - Последици од однесување
  • • Разлика помеѓу последица и казна
  • • Развивање на свесност кај детето за последиците од однесувањето (позитивни и негативни)
  • • Насоки во претставување на последиците на детето
  • Модул 8 - Разрешување на конфликт во семеен систем
  • • Уважување на мислењето на детето
  • • Идентификување на потешкотиите со кои се соочува детето
  • • Начините за разрешување на потешкотии
  • Модул 9 - Агресивно однесување- и што сега
  • • Развивање на вештини кај детето за избор при однесувањето
  • • Техники за смирување на негативните емоции кј родителот поттикнати од агресивното однесување на детето
  • • Начини на пристапување при агресивното однесување кај детето
  • • Развивање на вештини за идентификување на причината за агресивното однесување
  • Модул 10 - Рефлексија и дополнителни вежби
  • кликни за да се пријавите