Зошто да го изберете RoboWings Летниот камп?
- Возбудливи предизвици со роботи и дронови: од градење и програмирање на роботи до пилотирање дронови, секој ден е авантура исполнета со практично учење и возбуда.
- Експертско водство: Водени од искусни STEM ментори, меѓународно докажани преку освојување награди на глобални натпревари за роботика, вашето дете ќе добива стручни насоки и менторство на секој чекор од патот
- Прекрасна локација: Сместен покрај брегот на Охридското Езеро во Струга, кампот нуди совршен спој на природна убавина и инспирација за истражување.
- Незаборавни спомени: Со активности на отворено преполни со акција, предизвици за градење тим и незаборавни искуства, RoboWing Кампот ветува спомени кои траат цел живот.
Термини
18.06-23.06
/ 15.07 -
20.07/ 19.08-24.08
во
Извидничкиот камп SCOUT во Струга.
Периоди: 18.06-23.06 / 15.07-20.07 / 19.08-24.08
Потребни предзнаења: Не се потребни никакви предзнаења, децата кои немаат искуство ќе посетуваат прилагодена програма
Локација : Извиднички камп SCOUT Струга
Безбедност: Достапност на лекар 24 часа
Возраст: 10+ ( За деца кои посетуваат настава во СТЕМ Академија - 9+) години
Исхрана: Полн пансион (доручек, ручек, вечера)
Сместување: 3 и 4 креветни соби
Број на денови: 6 дена
Превоз: Обезбеден и вклучен во цената
Елементи на програмскиот дел
Роботски дизајн и програмирање: Учесниците ќе научат да дизајнираат, градат и програмираат роботи користејќи комплети за роботика и автоматизација од LEGO® Education
Технологија на дронови : За прв пат во Македонија децата ќе го истражат светот на беспилотните летала преку практични активности за летање и нивно програмирање.
STEM предизвици : Вклучување во возбудливи STEM предизвици и натпревари за да учесниците ги стават вештините на тест.
Дополнителни активности : Стратешки осмислени активности за креирање тим, како и игри кои помагаат да се изгради доверба, емоционална регулација и лидерски вештини, извидничка ориентација, логорски оган, диско забави, прошетки, филмови под ѕвездите и други забавни активности.
Активности на вода : Пливање, кајак, бордање на SUP даски, возење со брод низ езерото.
Инструктори и тренери : Нашите искусни тренери се повеќе од обични ментори. Нивните успеси вклучуваат триумфи на престижни меѓународни натпревари за роботика и STEM; тие се професионалци посветени на развојот на MINDSETOT кај младите луѓе, и се желни да ја разгорат искрата за иновациите во следната генерација пионери..
Цена на чинење : 15 800 (30% при пријавувањето а остатокот на рати до 10 дена пред избраниот термин за камп).
Максимален број на деца : 30 (прв пријавен прв услужен).