СТЕМфастичен Зимски Камп - Пониква `23

Дали сте подготвени за СТЕМфастично зимско доживување ?

 Ве носиме на петдневна авантура во светот на креативноста, продуктивноста и иновативноста.

Создадовме совршен СТЕМатски пакет од возбудливи содржини низ кои емотивно растеме, стекнуваме и јакнеме социјални вештини, размислуваме логички и критички, градиме самодоверба, делуваме проактивно и сето тоа го постигнуваме низ призмата на роботиката со целосна примена на LEGO® елементи.

 Да излеземе од комфорната зона, да вдишеме од чистиот планински воздух, да ги споиме убавото и корисното и да креираме нов концепт за иднината !

Зимскиот камп се однесува за деца од 10+ години и истиот ќе се одржи во периодот од 09.01-13.01.2023 година во прекрасниот комплекс на Вила „Осоговска куќа„, а се наоѓа на 1250 метри надморска височина во живописна природа и околина. Оваа вила е оддалечена 12 километри од Кочани и 8 километри од туристичкиот центар Пониква. Вилата е сместена во густа букова и аришова шума изолирана од градската врева. Точната локација е на само 200 метри од главниот пат кој води кон Пониква

 



Активностите на овој камп опфаќаат
Активности за време на роботика
Спортско забавни активности Не ја пропуштајте можноста вашето дете да има незаборавно искуство