Вовед во роботика
Со помош на програмите “вовед во роботика” децата практично ги применуваат принципите на науката, технологијата, инженерството, математиката и програмирањето за решавање на проблеми од секојдневниот живот користејќи роботозирани модели. Единствената комбинација на LEGO® коцките и роботскиот хардвер, добро осмислената програма, едноставната софтверска околина, возбудливоста на проектите и нивните резултати претставуваат околина која овозможува на учениците поедноставно да ја изградат самодовербата за да поставуваат прашања, да ги дефинираат проблемите, да креираат сопствени решенија . На овој начин децата целосно се вклучени и ангажирани за време на СТЕМ едукацијата и длабочината до која учениците ќе одат за време на решавање на проблемите е оставено во рацете на самите ученици според нивните желба, интерес, преференци и сл.
Активната партиципација во активностите и експериментите, ги вовлекува децата во научните истражувања што им овозможува на децата да го погледнат проблемот со свои очи, да осмислат и поставуваат прашања, креирање на аргументации, анализирање на податоци и прецизно комуницирање на сопствените заклучоци.
Учениците се мотивирани да изградат и програмираат работен модел кој понатаму служи за понатамошна анализа, мерење и слично со што се навлегува длабоко во темата.
Како основа се користат коцки од сетот на LEGO® education вовед во роботика и во тој сет покрај коцките се наоѓаат неколку електронски елементи како што се
- Електричен мотор
- USB Hub
- Сензор за движење
- Сензор за поместување и навалување
- Софтвер
Софтвер
Со цел да може моделите да се контролираат, се користи посебно софтверско решение за контрола на сигналите од и кон моторот, сензорите и слично. Оваа софтверска околина е многу едноставна и интуитивна за користење и служи да децата се запознаат со начинот на алгоритамски размислување како и computational thinking
Методологија
Учењето е секогаш најефективно кога учениците подеднакво го ангажираат својот ум и раце за реализации на моделите, решенијата и идеите. Со овие програми токму тоа се овозможува. На децата им се задава проблем кој се решава со роботизиран модел. При тоа децата се предизвикуваат не само да направат модел и софтверски алгоритам кој го придвижува моделот туку у да го искористат своето знаење во насока како да го подобрат моделот, како да го поевтинат, како да ги подобрат соодветните перформанси и сл/ децата ги откриваат влијанијата на поедини промени врз однесувањето на моделот. На крајот учениците го презентираат својот модел и на тој начин го комуницираат целокупното стекнато знаење на бараната тема.
Наука
- научно истражување и испитување,
- користење алатки за прибирање информации,
- комуникација на добиените резултати
- од истражување,
- опсервација,
- резонирање,
- тимска работа,
- пренос на движење,
- лостови, чекрци, запчаници, комплексни преносници на брзина,
- триење,
- користење докази за да се поддржат донесените заклучоци.
Дизајн и технологија
- креирање и програмирање модели,
- интерпретација на 2-D и 3-D
- илустрација и креирање на 3-D модели,
- компарација на природните системи со механички системи,
- користење на софтвер и soodveten медиум за собирање информации,
- разбирање дека животните како живи системи користат делови од своите тела како алатки,
- користење на повратни информации за програмирање zа излезот на системот да go добие саканото однесување,
- примена на принципите на движење.
Инженерство
- користење на единици мерки,
- калкулации со броеви кои имаат два или повеќе цифри,
- пресметки и процени, броење,
- време во секунди и десеттинки,
- мерење на сантиметри,
- мерење на меки варијабли,
- користење на бројки за да се
- претстави звук, приказ, растојание,
- поврзување на бројки со модел на однесување,
- организирање на информација во листи и табели,
- анализирање на промените во разновидни контексти.
Јазик и изразување
- комуникација во говорна форма и користење на соодветен вокабулар,
- користење на визуелизации за поддршка и драматургија на презентациите,
- комуницирање и раскажување во пишана форма,
- користење на интервјуа за изнаоѓање информации,
- опис на логичен след на настани,
- користење на технологија за креирање и пренесување на идеи.
Главни вредности на програмата
- Градење и истражување на обновливите извори на енергија преку реални модели склопени со LEGO елементи,
- Истражување и носење на заклучоци за снабдувањето со електрична енергија, пренос, акумулација, конверзија и користењето на енергијата,
- Да се дизајнираат и направат модели кој што ќе ги исполнат конкретните барања на дизајнот,
- Јакнење на способностите за решавање на проблеми,
- Поттикнување на креативното размислување на ниво на подобрување на функционирањето на моделот како и смислување на нови начини на користење на моделите,
- Компјутациско размислување,
- Креирање на алгоритми,
- Воспостави релација помеѓу причините и последиците
- Објаснување за начинот на доаѓање до решение како и осмислување на нови можности за решение
- Бреинстормирање на идеи и потфати како и нивно спроведување во живо
- Презентација и презентациски вештини,
- Способност за осмислување нови идеи преку користење на резултатите од мерења и набљудување,
- Пронаоѓање на сопствен начин за доаѓање до решенија како и користење на имагинацијата за развивање на дополнителни идеи,
- Јакнење на вештините и способностите за соработка и работа во тимови,
- Способност за критичко размислувањње за тоа што може да се случи, и да се испробуваат нови работи
- Јакнење на самодоверба, оптимизам, , позитивен став кон работите и чувство на одговорност, истрајност, љубопитност, мотивираност, самостојно поставување на цели
Што се учи во оваа програма
Овие програми се состојат е сублимат од 3 различни програми и платформи од различни едукативни лидери и тоа од LEGO® Education – WE DO; MIT Labs – Scrath ; Microsoft education – Power point/ Sway
LEGO® Education – WE DO
Користејќи го специфичните елементи од LEGO® Education како што се мотори и сензори, децата склопуваат модели кои се моторизирани и кои прават одредени движења. Исто така овде се користи и посебен софтвер од LEGO® education за контролирање и анализа на сигналите од сензорите и задавање на наредби на моторот.
MIT Labs – Scrath
Оваа светски позната платформа во рамките на часовите се користи за децата се научат да размислуваат алгоритамски и да ги разглобуваат проблемите на поедноставни и претставување на активности за нивно решавање. На овој начин децата почнуваат да ја учат филозофијата на програмирање без притоа да учат некој специфичен програмски јазик. Платформата е развиена од MIT.
Microsoft education Power Point/Sway
На крајот од секоја сесија децата ги користат познатите алатки од Microsoft за презентација. На овој начин децата се стекнуваат со практични знаења од специфичните Microsoft Office програми но и под водство на едукаторите подготвуваат презентација со што се стекнуваат со презентациски вештини.