First LEGO League

Што е First ЛЕГО ЛИГА

THE FACTS
89% од учениците кои учествуваат на натпреварот знаат да дизајнираат роботи
88% од учениците кои учествуваат на натпреварот знаат да програмираат робот
99% од учениците кои учествуваат на натпреварот имаат подобрување во тимските вештини
98% од учениците кои учествуваат на натпреварот имаат подобрување во вештините за решавање на проблеми
90% од учениците кои учествуваат на натпреварот покажуваат подобрување во нивната иновативност

СТЕМ Академија и ФЛЛ
СТЕМ Академија за првпат учествуваше во сезоната 2018/2019 година на ФЛЛ со тимотSPACE WALKERS тим кој е составен од деца кои посетуваат часови од СТЕМ (наука технологија, инженерство и математика) во рамките на СТЕМ Академија. Нашиот тим го сочинуваат Јован, Марко, Симон, Иван, Габриел, Лука, Стефан, Мина, Матеј, Лео, Давид и се ученици од 5 – 9 одделение во неколку скопски училишта. Она што е важно би сакале да објасниме што всушност е FIRST LEGO LEAGUE.

FLL во Македонија
На турнирот на FLL лигата одржан на 23.02.2019 во Штип нашиот тим го освои првото место во севкупното бодување и заедно со уште еден тим од Македонија се пласираше на учество во финалето на Адриа FLL лигата во Целје.

 

СТЕМ Академија и финале на ФЛЛ Адриа Лига лига во Целје

Натпреварот во Целје беше едно огромно искуство за тимот, кој првпат се соочува со ваков натпревар. Турнирот беше одржан во Првата основна Школа во Целје. Каде учествуваа 30 тимови од Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора. Неискуството го направи своето и го освоивме 8 место иако цело време бевме 4 се до последните моменти но тремата и неускоството го направи своето. Но како што спомнавме претходно освоивме награда за Најкомплетен тим на натпреварот. Според освоените бодови на овој натпревар на ниво на Европските натпревари се стекнавме со правото на учество на светското првенство во Либан. Колку е престижно ова првенство покажува и фактот дека на него учествуваат 500 деца од 49 земји од светот кој се пласирале.

Core Values
Основни вредности, овој дел од натпреварот има за цел да ги научи уќениците за правите вредности на тимската работа и заедно да соработуваат. Ги поттикнува вистинските вредности за и ги учи децата да соработуваат, да почитуваат и сослушуваат секого, како и да имаат позитивен пристап кон решавањето проблеми, да се опуштат забавуваат, дружат помагаат на други тимови бидејќи тоа е поентата на целиов овој натпревар. И оваа година на финалето на Адриа FLL лигата во Целје ја освоивме наградата за најкомплетен тим на што посебно сме горди.

Robo Game
дизајнирање на робот со помош на LEGO Mindstorm елементи и програмирање на истиот за автономно движење низ масата за натпреварување, на кој однапред му се зададени препреки и мисии кои роботот треба да ги помине. Ние го дизајниравме нашиот робот STEMINATOR кој беше прогласен за најдобар дизајн на натпреварот на FLL Лигата на Македонија.

Иновативен проект

оваа година имавме задача да им помогнеме на астронаутите со некој проблем со кој тие се соочуваат за време на престојот во вселената. Нашиот тим се фокусира на проблемот на радијација со кој се сретнуваат астронаутите кога ќе ја напуштат земјината орбита, решение со кое се консултиравме со експерти од НАСА и го привлековме нивното внимание. Ова го разбуди истражувачкиот дух и ги научи децата да размислуваат надвор од рамките.