Математика и повеќе (6 и 7 години)
Математичките проблеми и математиката воопшто, може да претставува тежок научен концепт за секое дете. Децата најчесто имаат потешкотии да ги сфатат и разберат математичките концепти пред сѐ поради нивната апстрактност и неможност директно да ја замислат во своето секојдневие. Користејќи ja иновативната програма More to Math – “Повеќе од Математика” преку специјално одбрани и осмислени LEGO® коцки им се овозможува на децата апстрактниот свет на математиката да го направат вистински, да ги постават математичките проблеми во секојдневието на децата, да им се приближат математички проблеми на децата. На тој начин децата со голема доза на самодоверба ќе почнат да размислуваат, да разговараат заматематиката и ќе станат сѐ посигурни и помотивирани да се соочат со математичките проблеми, притоа развивајќи вештини кои ќе ја изградат нивната успешна иднина.
Решавање на проблеми
Учениците ќе можат да решаваат проблеми со примена на нивното познавање од математиката во најразновиден број на проблеми каде комплексноста се зголемува во текот на програмата. Децата ќе стекнат сознанија за алатки и стратегии за решавање на проблеми, меѓу кои вклучуваат и проценки и естимации, графичко претставување, користење на линијар, подредување на броеви и слично. Исто така во текот на решавањето на проблеми вклучува и препознавање на модел за решавање кој претходно бил користен. Во текот на програмата децата ќе се стекнат со вештина да ја изберат соодветната алатка и пристап.
Резонирање
Децата ќе можат да ги решаваат математичките проблеми користејќи се притоа со испитување, претпоставувајќи најразновидни релации, методи на генерализации, развивајќи докази и објаснување користејќи математички речник. Детето ќе биде во можност да увиди повторувачка активност и да искористи соодветната вештина за решавање користејќи го притоа сопственото искуство и знаење. Децата треба да ги искористат и овие вештини при основните математички операции од собирање и одземање на цели броеви.Детето ќе биде во можност да ги разложи проблемите на низа од едноставни чекори. Децата ќе стекнат рутина во решавање на проблеми, преку независно размислување, применувајќи најразновидни стратегии притоа споделувајќи ги стратегиите со другите деца. Тие ќе бидат во можност да истражат користејќи конкретни објекти и форми притоа водејќи сметка да се примени тоа што има логика. Децата ќе формираат знаење околу тоа што значи собирање, одземање, како активности за нивно претставување и објаснување. Преку оваа програма децата се учат дека не секогаш проблемите имаат само едно решение, туку дека во животот најчесто се сретнуваат со проблеми кои имаат поголем број решенија. Користејќи ја методологијата на програмата децата стекнуваат вештини на препознавање на проблемите со поголем број на решенија, избор на најлогичното за нив, но и да презентираат образложение за нивниот избор на решение.
Прецизност и упорност
Децата ќе развијат концептуално разбирање и способност да се присетуваат на одредено претходно знаење и негово применување, брзо и прецизно. Децата ќе користат јасно и прецизен математички вокабулар за време на дискутирање и објаснување. Една од способностите со кои се стекнуваат во оваа програма е позитивниот став и позиционирањето на грешката (неуспехот) како дел од учењето и спознавањето на работите, а не како нешто страшно.
Претставување и примена на знаењето
Математиката е предмет кој поврзува голем број на предмети и теми, со што децата ќе бидат во можност едноставно да ги препознаат и презентираат математичките концепти. Тие ќе можат да го применат математичкото знаење во други научни дисциплини. Децата ќе експериментират со бројки, да исцртуваат проблеми на најразновиден начин користејќи објекти, слики, фигури, графикони, листи и сл.Репрезентацијата на проблемот од аспект кој детето го интересира, има афинитет или е во фокус на неговиот интерес, на тој начин децата го претставуваат проблемот од различен аспект што е многу важна вештина.