Во светот кој станува сè покомплексен, успехот произлегува не само од она што го знаетe, туку и од она што можете да го направите со тоа што го знаете. Компаниите веќе имаат потреба од кадар кој има сосема поинакви способности и вештини т.н. вештини на 21 век.
СТЕМ Академија е прва и најискусна организација која се занимава со СТЕМ образование во Македонија и повеќе од 3 години посветено работи на креирање на СТЕМ вештини на 21 век.
СТЕМ е акроним со кој се означуваат образовни програми базирани на идејата за едуцирање на учениците во четири дисциплини – наука, технологија, инженерство и математика со интердисциплинарен и применлив пристап.
Прво Microsfot училиште во Македонија
Станува збор за пристап во образованието препознатлив по иновации,програми, методологии и технологија кои секористат при осмислување на наставата, учењето и оценувањето, како и развојот на вештини релевантни за учениците кои се подготвуваат за предизвиците на 21-виот век и за отворање на нови кариерни можности.
Едукација преку решавање на реални и секојдневни проблеми низ игра
Целиот процес на учење се одвива преку решавање на интердисциплинарни проблеми од секојдневието,со тоа децата учат дека проблемите иако непознати,не се ништо
лошо или страшно, и воедно развиваат способност за саморегулирање, што имплицитно делува на целосно завршување на веќе започнатите работи во животот.
Пасивните инструкции ги нема – не се објаснува како нешто треба правилно да се направи,туку се дозволува преку игра и истражување секој да дојде до свое решение. На овој начин децата учат со разбирање,ги прошируваат своите знаења со леснотија,а воедно стекнуваат вештини кои ќе им служат, не само во процесот на образованието,туку и подоцна во животот.
Охрабрување на децата за наоѓање на различни решенија и прифаќање дека неуспехот не е страшен
На часовите децата се охрабруваат за изнаоѓање на различни решенија на ист проблем. Тоа значи дека нема само еден точен одговор, туку секој тим доаѓа до свое решение кое што ќе биде одраз на стекнатото знаење, афинитетите кои членовите на тимот ги имаат за решавање на различни аспекти од проблемот, како и на соработката во тимот. Многу често се случува тимот да не успее да го реши предизвикот при првиот обид и учениците знаат дека тоа е сосема во ред. Ова е многу значајно, бидејќи само ако не се плашат од неуспехот децата ќе бидат спремни да им пристапат на новите и сосема непознати предизвици.
Едукаторите стануваат ментори
Едукаторите не се единствен извор на знаење, туку се ментори и водачи кои ги охрабруваат и наведуваат учениците да размислуваат и да откријат кој дел од нивното решение не функционира како што треба, што треба да се подобри, да се промени, за тимот да дојде до ново успешно решение. На овој начин стекнатото знаење останува со нив и многу години подоцна, без воопшто да се трудат да меморираат разни тврдења.
СТЕМ Академија располага со трениран, искусен и посветен кадар кој континуирано се обучува и ги надградува своите знаења и вештини.
Креативна и безбедна околина
Часовите се изведуваат во простории коишто ги задоволуваат сите безбедносни стандарди. Притоа, водејќи сметка околината дa биде мотивирачка, креативна и технолошки опремена.