Тимот на СТЕМ Академија – „Space Walkers“ шампиони на првиот државен натпревар од FIRST® LEGO® лигата во роботика

Published in Uncategorized

о саботата на 23.02.2018, Факултетот за информатика при УГД – Штип беше домаќин на
Првиот државен натпревар од FIRST® LEGO® лигата на Република Македонија, за деца
од 9 до 16 години.

FIRST® LEGO® лигата е глобален натпревар во роботика каде се користи LEGO® Mindstorm®
роботска платформа. Тимовите се натпреваруваат во четри рамноправни категории:

 роботска игра која се состои од однапред зададени мисии кои роботите склопени
од тимовите треба да ги извршат за 2,5 минути,
 роботски дизајн и оценка на дизајнот на роботското решение и софтверот изготвен
за решавање на мисиите,
 Проект – изготвување на иновативен проект чија овогодишна тема беше “Во
орбитата”
 Основни и тимски вредности.

Победници на овој натпревар беше тимот „Space Walkers“ составен од ученици од СТЕМ
Академија Скопје. Овој тим ќе ја претставува нашата држава на финалето на Адриа
Лигата во Целје, Словенија на 16 март 2019 година.

“Многу сме горди на нашите деца” Изјави Жарко Поп-Илиев Извршен Директор на
СТЕМ Академија, “Децата ги покажаа сите СТЕМ вештини кои ги имаат научено на
нашите часови, критичко размислување, тимска работа, решавање на проблеми, брзо
носење одлуки и сл. Тие заслужено победија. Оваа прилика сакам да искажам голема
благодарност до Универзитетот Гоце Делчев но и до Гордан Атанасов како и Ротари
Клубот од Кочани-Виница кои две години неуморно работеа да го донесат ова светско
натпреварување тука. Благодарност и до децата и нивните родители кои покажаа знаења и упорност, како и одличните ментори од СТЕМ Академија кои неуморно работеа со нив
во подготовка за овој натпревар“.

Повеќе информации на www.stem-academy.org или кај Жарко Поп-Илиев 070328542