12 + години – Обновливи извори на енергија

12 + години – Обновливи извори на енергија

Обновливите извори на енергија и моделите кои се предмет на изучување, овозможува на учениците да бидат млади научници, и да се вовлечат во длабочините на научните истражувања, технологијата, инженерството , дизајнот и математиката. Програмата за обновливите извори на енергија преставува предизвикувачка околина за учениците, со цел тие да стекнат практични сознанија за тоа како може енергијата да се создаде од обновливи извори но и како таа може поефикасно да се искористи. Децата се предизвикани да донесат претпоставки и заклучоци, да го искористат своето знаење и искуство од најразновидни предмети и со заедничкото искуство работејќи во тим да донесат заедничко решение. Учениците ги здружуваат своите вештини, креативност и интуиција, тие заеднички пронаоѓаат најдобро решение за проблемот.  Со помош на коцките и  моделите, учениците се охрабрени да се вклучат самите себе во светот на истражување и да донесат свои решенија за специфични проблеми.
За време на часовите се користат посебни сетови од LEGO® Education  кои содржат и посебни елементи како што се

  • LEGO Energy meter (составено од два посебни елементи: Energy Display and Energy Store)
  • Lego Solar Panel -соларен панел
  • E-Motor – електро мотор
  • Blades – перки на турбина
  • LED light

Со помош на овие елементи децата активно градат и анализираат како се создава енорија од сонце, ветер, вода и се мерат ефектите од преносот на истата

Додека активно градат, истражуваат, испитуваат, комуницираат заедно развиваат решенија, учениците развиваат голема низа на знаења, некои од нив се

Дизајн и технологија

Дизајнирање и градење на решение, тестирање и евалуација на моделот да ги задоволува барањата на проблемот и дизајнот, избор на соодветен материјал, истражување на под системите за претворање на механичката во електрична енергија, користење на 2 димензионални инструкции за практично разбирање , идентификување на технички компоненти за да се изгради 3 димензионален модел кој функционира, мерење на јачина на струја, напон и снага и сл.

 

Наука и научно истражување

Истражување на начинот на креирање, складирање и трансфер на енергијата, мерење на силата и брзината, како и истражување на ефектите на триење, предвидување, собирање на и анализирање на податоци и извлекување на заклучоци.

Математика

Користење на математиката во функција на научните сознанија, мерење на растојание, маса, време, пресметување на брзина, тежина и ефикасност, користење на графички методи за претставување на податоци, пресметување на односи и сл

Презентација

Кога го презентираат своето дело, децата добиваат можност да го објаснат своето разбирање врз механизмите и структурите. Како разбираат, како поврзуваат, конекцијата помеѓу старото и новото знаење, поврзаноста помеѓу старите и новите модели. Дискусијата за време на часот, техничките прашања, промени, претставуваат одличен процес преку кои децата го развиваат своето креативно размислување а и го подобруваат својот речник преку дијалог. Прашањата се одличен материјал за децата на истражуваат, претпоставуваа, размислуваат и да ги раскажат своите решенија, своите нови можности и опции. Оваа фаза покажува можност за евалуација на знаењето проширување на знаењето кај секое дете.
Учењето е секогаш позабавно кога тоа се случува преку нови предизвици. Справувањето со предизвикот и неговото решение, ќе роди поголема желба кај детето да продолжи со својата работа.  Овие предизвици постојат за да го охрабрат детето да истражува во иднината – да бараат нови клучеви за нови предизвици, и самите да се потрудат да смислат нови предизвици и на истите да им постават решенија.

Главни вредности на програмата

  • Градење и истражување на обновливите извори на енергија преку реални модели склопени со LEGO елементи,
  • Истражување и носење на заклучоци за снабдувањето со електрична енергија, пренос, акумулација, конверзија и користењето на енергијата,
  • Да се дизајнираат и направат модели кој што ќе ги исполнат конкретните барања на дизајнот,
  • Јакнење на способностите за решавање на проблеми,
  • Поттикнување на креативното размислување на ниво на подобрување на функционирањето на моделот како и смислување на нови начини на користење на моделите,
  • Способност за осмислување нови идеи преку користење на резултатите од мерења и набљудување,
  • Пронаоѓање на сопствен начин за доаѓање до решенија како и користење на имагинацијата за развивање на дополнителни идеи,
  • Јакнење на вештините и способностите за соработка и работа во тимови,
  • Способност за критичко размислувањње за тоа што може да се случи, и да се испробуваат нови работи
  • Јакнење на самодоверба, оптимизам, , позитивен став кон работите и чувство на одговорност, истрајност, љубопитност, мотивираност, самостојно поставување на цели

Што се учи во оваа програма

Материјалот кој се изучува се состои од 2 дела и тоа Обновливи извори на енергија и Потенцијална и кинетичка енергија

Обновливи извори на енергија – Овој дел од материјалот објаснува како Сонцето како примарен извор на енергија, влијае на времето и временските промени како и водениот циклус во природата. Тука се претставува некои од технологиите и техничките решенија кои стојат позади генерирање и експлоатација на обновлива енергија. Учениците имаат можност практично да ги пробаат некои од решенијата со помош на изработка на специјални LEGO® Education елементи.

Потенцијална и кинетичка енергија – Овој дел објаснува за кинетичката и потенцијалната енергија преку практичен и интересен начин и истражување. Како навлегуваат во материјалот учениците се предизвикуваат да прават посложени експерименти и модели и да направат мерења и соодветни пресметки. Децата уште повеќе се предизвикуваат да г применат своето знаење на дополнителни проблеми кои им се даваат на посебни часови посветени на решавање на проблеми