5 и 6 години – Основни принципи на STEM, социјален и емотивен развој

5 и 6 години – Основни принципи на STEM, социјален и емотивен развој

Основната цел на оваа програма е да овозможи на децата од оваа возраст да ги разберат основните научни концепти, концептите за дизајн и технологија, развивање на вештини за решавање на проблеми како и социјален и емотивен развој на детето од најраната возраст. Во овие програми, како средства преку кои децата учат, се користат специјализирани LEGO® Education коцки и механизми кои овозможуваат пренос на сила и движење во создадените модели кои се прилагодени на возраста на децата. Исто така во оваа програма децата низ најразновидни сценарија од секојдневниот живот учат за нивните чувства, емоции кај себе или кои ги предизвикале со своите постапки кај другите За време на играта децата активно градат, истражуваат, испитуваат, комуницираат, соработуваат и притоа развиваат најразновидни вештини, знаења и способности. Соддржините кои децата ги учат во овој степен се состојат  од:

Социјални и емотивни способности

  • Идентификација на емоцијата која е предизвикана во одредена ситуација без нејзино означување како лоша или добра
  • Развој на емпатија и сочувствување со другите деца
  • Развој на способности за решавање на проблеми преку симулација на ситуацијата и анализа на можните постапки
  • Спознавање дека емоцијата е одговор на посебен стимул и да научат соодветен начин на справување со ситуацијата која ја предизвикала таа стимулација
  • Јакнење на самодоверба, оптимизам, , позитивен став кон работите и чувство на одговорност, истрајност, љубопитност, мотивираност, самостојно поставување на цели

Наука

Истражување на енергија, сила, брзина, ефектот на триење, читање на скала, собирање на податоци, прикажување на податоци, предвидување на мерки,  опис на резултатите и слично.

Дизајн и технологија

Истражување на запчаници, тркала, осовини, лостови и чекреци. Изнаоѓање на решенија врз основа на идентификувани потреби, избор на соодветни материјали, дизајнирање, градење и тестирање, искористување на дводимензионални инструкции за да креираат  тродимензионални модели, работејќи кооперативно во тимови.

Математика

Стандардни и нестандардни мерки за растојание, време, тежина, маса, отчитување скали, броење, пресметувања, облици и решавање на проблеми.

Јазик и изразување

  • Kомуникација во говорна форма и користење на соодветен вокабулар на македонски и англиски,
  • Kористење на визуелизации за поддршка и драматургија на презентациите,
  • Kомуницирање и раскажување,

Главни вредности на програмата

  • Развивање на моториката кај децата,
  • Развивање на социјални вештини за комуникација и интеракција во групи,
  • Развивање на емпатија, препознавање на емоциите,
  • Јакнење на способностите за решавање на проблеми,
  • Поттикнување на креативното размислување на ниво на подобрување на функционирањето на моделот како и смислување на нови начини на користење на моделите,
  • Развивање на можноста за сомоизразување,
  • Проширување на видиците и стекнување на генерални знаења за основните природни закони и природните феномени,
  • Јакнење на вештините и способностите за соработка и работа во тимови,
  • Јакнење на самодоверба, оптимизам, , позитивен став кон работите и чувство на одговорност, истрајност, љубопитност, мотивираност, самостојно поставување на цели

Што се учи во оваа програма

Во текот на програмата децата ги учат сложените поими на STEM преку приказни и демонстрација на научните концепти користејќи наменски модели склопени од LEGO® елементи. Децата градат најразновидни забавни и едноставни модели, како што се клацкалка, вртелешка, вртимушка, сплав, возила и многу други модели. Додека ги склопуваат и ги прават овие наменски активности тие учат како научниот концепт влијае на моделот и истовремено ги откриваат начините на кои функционираат работите околу нив. Децата експериментираат со концепти како што се. Исто така децата ги симулираат настаните кои се случиле околу нив и притоа ги анализираат емоциите и постапките кои довеле до истата. Овие активности и модели создадени од специјализирани LEGO® елементи се вклопуваат во природната љубопитност на децата за светот околу нив и тоа дополнително ги охрабрува внимателно да набљудуваат и осознаваат, да размислуваат креативно, како и да научат да работат на конструктивен и забавен начин.