7+ години – Напредни принципи на STEM и животни вештини

7+ години – Напредни принципи на STEM и животни вештини

Машините од едноставни до многу сложени нѐ опкружуваат во текот на целиот ден. Ние ги користиме постојано како наша дневна рутина, кога се движиме, кога чистиме, креираме, кога поправаме, се релаксираме и се забавуваме. Во овој степен децата ќе научат кои едноставни машини ги користиме секојдневно, на каков начин истите функционираат и на кој начин секоја од нив ни ја олеснува работата.

Дизајн и технологија

  • Идентификување на најразновидни видови на запчаници,
  • Креирање на модели кои ќе го менуваат степенот на пренос и зголемување на брзина,
  • Креирање на модели кои ќе го намалуваат степенот на пренос и намалуваат брзината,
  • Подредување на запчаници за да се вртат во иста или спротивна насока,
  • Зависноста на брзината на вртење од бројот на запците и нивната позиција,
  • Идентификување на тркала и осовини,
  • Изградба на најразновидни модели кои ја менуваат насоката на движење,
  • Правење на модели со кои може да се управува,
  • Откривање каде триењето може да се најде во секојдневниот живот
  • Идентификација на лостот како рака која може да предизвика корисно кружно движење
  • Опис на стожер, напор оптоварување
  • Откривање на ефикасноста на лостот и делувањето на сили

Наука

  • Истражување, набљудување, предвидување, тестирање, брзина, мерење, отчитување и опис на резултатите од начинот на функционирање на едноставните машини.

Математика

  • Исцртување на геометриски облици, броење, пресметување, предвидување, решавање проблеми.

Јазик и изразување

  • Kомуникација во говорна форма и користење на соодветен вокабулар на македонски и англиски,
  • Kористење на визуелизации за поддршка и драматургија на презентациите,
  • Kомуницирање и раскажување,
  • Oпис на логичен след на настани,
  • Kористење на технологија за креирање и пренесување на идеи.

Главни вредности на програмата

  • Развивање на моториката,
  • Охрабрување на децата за креативно размислување,
  • Развивање на способноста на децата за анализирање на инженерски процес,
  • Развивање на социјалните и комуникациските вештини како и способноста за работа во тим,
  • Проширување на хоризонтите и генералното знаење од наука, технологија, инженерство и математика,
  • Стекнување на основни разбирања за научните феномени
  • Јакнење на вештините и способностите за соработка и работа во тимови,
  • Јакнење на самодоверба, оптимизам, , позитивен став кон работите и чувство на одговорност, истрајност, љубопитност, мотивираност, самостојно поставување на цели

Што се учи во оваа програма

Со помош на LEGO® елементите децата ќе креираат модели преку кои ќе ги разберат основните концепти како запчаници, тркала, макари, преносни ремени, лостови како и кои се природните и научните принципи кои сето тоа го овозможуваат. Преку опсервација и резонирање, предвидување и критично размислување, ќе оформат знаења за нив и нивното влијание, начинот како можат да се подобрат и искористат. За време на играта децата активно градат, истражуваат, испитуваат, комуницираат и притоа развиваат најразновидни вештини, знаења и разбирања