12 + години – Обновливи извори на енергија
Обновливите извори на енергија и моделите кои се предмет на изучување, овозможува на учениците да бидат млади научници, и да се вовлечат во длабочините на научните истражувања, технологијата, инженерството , дизајнот и математиката. Програмата за обновливите извори на енергија преставува предизвикувачка околина за учениците, со цел тие да стекнат практични сознанија за тоа како може енергијата да се создаде од обновливи извори но и како таа може поефикасно да се искористи. Децата се предизвикани да донесат претпоставки и заклучоци, да го искористат своето знаење и искуство од најразновидни предмети и со заедничкото искуство работејќи во тим да донесат заедничко решение. Учениците ги здружуваат своите вештини, креативност и интуиција, тие заеднички пронаоѓаат најдобро решение за проблемот. Со помош на коцките и моделите, учениците се охрабрени да се вклучат самите себе во светот на истражување и да донесат свои решенија за специфични проблеми.
За време на часовите се користат посебни сетови од LEGO® Education кои содржат и посебни елементи како што се
- LEGO Energy meter (составено од два посебни елементи: Energy Display and Energy Store)
- Lego Solar Panel -соларен панел
- E-Motor – електро мотор
- Blades – перки на турбина
- LED light
Со помош на овие елементи децата активно градат и анализираат како се создава енорија од сонце, ветер, вода и се мерат ефектите од преносот на истата
Додека активно градат, истражуваат, испитуваат, комуницираат заедно развиваат решенија, учениците развиваат голема низа на знаења, некои од нив се
Дизајн и технологија
Дизајнирање и градење на решение, тестирање и евалуација на моделот да ги задоволува барањата на проблемот и дизајнот, избор на соодветен материјал, истражување на под системите за претворање на механичката во електрична енергија, користење на 2 димензионални инструкции за практично разбирање , идентификување на технички компоненти за да се изгради 3 димензионален модел кој функционира, мерење на јачина на струја, напон и снага и сл.
Наука и научно истражување
Истражување на начинот на креирање, складирање и трансфер на енергијата, мерење на силата и брзината, како и истражување на ефектите на триење, предвидување, собирање на и анализирање на податоци и извлекување на заклучоци.
Математика
Користење на математиката во функција на научните сознанија, мерење на растојание, маса, време, пресметување на брзина, тежина и ефикасност, користење на графички методи за претставување на податоци, пресметување на односи и сл
Презентација
Кога го презентираат своето дело, децата добиваат можност да го објаснат своето разбирање врз механизмите и структурите. Како разбираат, како поврзуваат, конекцијата помеѓу старото и новото знаење, поврзаноста помеѓу старите и новите модели. Дискусијата за време на часот, техничките прашања, промени, претставуваат одличен процес преку кои децата го развиваат своето креативно размислување а и го подобруваат својот речник преку дијалог. Прашањата се одличен материјал за децата на истражуваат, претпоставуваа, размислуваат и да ги раскажат своите решенија, своите нови можности и опции. Оваа фаза покажува можност за евалуација на знаењето проширување на знаењето кај секое дете.
Учењето е секогаш позабавно кога тоа се случува преку нови предизвици. Справувањето со предизвикот и неговото решение, ќе роди поголема желба кај детето да продолжи со својата работа. Овие предизвици постојат за да го охрабрат детето да истражува во иднината – да бараат нови клучеви за нови предизвици, и самите да се потрудат да смислат нови предизвици и на истите да им постават решенија.