Роботика – Mindstorm
Степените од програмата на Mindstorms Education е наменета за учениците да дизајнираат, изградат, програмираат да ги тестираат своите решенија кои се базирани на LEGO® education елементи и вистинска роботска технологија.
Lego Mindstorms е хардверско-софтверска платформа создадена од LEGO за развој на програмибилни роботи базирани на блоковите на LEGO, идеален начин за совладување на STEM вештини .
Многу студии во светот потврдуваат дека дека практиките за компјутерско размислување (Computational thinking) се критични за успешниот кариерен развој на учениците. Тие го формираат темелот на иновациите, и преставува двигател на сите идни откритија од областа на СТЕМ. Тие се нов сет на “основни вештини” што се појавуваат како неопходни вештини што учениците треба да ги стекнат.
Но, кои се тие? На прв поглед, концептите како “разгледување на проблемите аналитички” и “користат податоци за да ги информираат одлуките” изгледа апстрактно и тешко разбирливо. Затоа образованието кое користи роботски системи како Mindstorms Education EV3 претставуваат многу потребна алатка за да се направaт овие концепти вистински, опипливи за учениците и пристапни.
Дури и едноставни проблеми како придвижување на робот од една точка до друга бараат прецизна, внимателна и планирана комуникација помеѓу ученикот и роботот. Како што предизвиците стануваат посложени, учениците учат да ги разложат големите проблеми во поедноставни и конструираат функционални решенија чекор по чекор.
Овие практики – прецизно логично размислување, користејќи податоци за донесување одлуки, анализирање проблеми и градење решенија во тимови – се критични во сите облици на решавање проблеми, не само од областа на роботиката.
Активностите поврзани со извршување на работа со помош на робот се конкретни, контекстуализирани и обезбедуваат брзи повратни информации за ученикот дали неговото размислување и решение е точно и претставува важен фактор во задоволувањето на желбата на ученикот за успех и создавање на мотивација за продолжување на учењето.
Учениците учат за роботиката и технологиите кои се применуваат, кои влијаат на сите современи индустрии, од земјоделството до здравството, банкарството, производството, транспортот, енергијата и безбедноста.
Корисноста од роботиката и роботските технологии, од автоматски пилоти на авиони, до банкарски машини, до паметни телефони, да се само-наведувачки автомобили им помага на учениците да бидат “посветени ученици”, бидејќи тие сфаќаат дека содржината што тие ја проучуваат е важна или ќе им биде важна во иднина.