Откријте го потенцијалот на вашето дете

Најново во СТЕМ Академија

Откријте го потенцијалот на вашето дете: Дали комфорната зона е само илузија на сигурност?

Комфорните зони често се гледаат како безбедно место за децата – предвидливо, познато и без ризик од неуспех. Но, додека останувањето во таа зона изгледа лесно, всушност може да го задржува вашето дете да не се развие во отпорен и самоуверен поединец. Растот не се случува кога работите се едноставни; се случува кога се доволно предизвикувачки за да се прошири.

Замислете го вашето дете како гради кула од ЛЕГО коцки. Користи исти парчиња повторно и повторно, затоа што знае дека тие се вклопуваат добро. Работи. Кулата е стабилна. Но, што ако му се побара да изгради нешто покомплексно? Одеднаш, не е толку лесно. Можеби ќе сака да се откаже. Но, ако интервенирате секогаш кога има потешкотии, го задржувате во неговата комфорна зона – секако, ќе ја заврши задачата, но ќе ја пропушти можноста да научи како да истрае кога работите стануваат тешки.

Токму тука се гради отпорноста – во моменти на непријатност, фрустрација и неизвесност. И тоа е клучот за да му помогнете на вашето дете да расте. Не се работи за тоа да го натерате да се соочи со предизвици за кои не е подготвено, туку да понудите мали, управливи чекори кои ќе го натераат да размислува различно и да проба нови работи. Непријатноста не е нешто што треба да се избегнува – таа е нешто што треба да се прифати како дел од процесот на учење и развој.

Како тогаш да го извадиме од комфорна зона? Сè започнува со промена на нашиот став како родители. Треба да се оддалечиме од идејата дека треба да го заштитиме нашето дете од секоја фрустрација и наместо тоа, да му помогнеме да се движи низ тие тешки моменти. Помислете на учењето како да вози велосипед. Ќе падне, ќе се фрустрира, но ако го држите на помошни тркала засекогаш, никогаш нема да ја почувствува слободата од совладување на нешто ново. Истото важи и за други животни вештини. Борбата со математички проблем, справувањето со тешка социјална ситуација или пробувањето нешто ново во часовите по СТЕМ – сите овие искуства ја градат способност на децата да се справат со поголеми предизвици во иднината.

Но, како да знаете дали го туркате премногу силно? Набљудувајте ги реакциите на вашето дете и ќе видите дали покажува знаци на преголема фрустрација или анксиозност. Ако се повлекува, можеби е време да се намали темпото и да се преиспита. Целта е да се најде вистинската рамнотежа – доволно предизвик за да се прошири, но не толку многу што ќе се чувствува поразено. Замислете го како растегнување на гумена лента: премалку напнатост и останува лабава; премногу, и ќе се скине.

Во нашите вонучилишни СТЕМ програми, често го гледаме овој динамичен процес. Децата доаѓаат со различни вештини – некои се одлични во градење, други во кодирање или решавање проблеми. Ги менуваме задачите за да бидеме сигурни дека сите се соочуваат со предизвици, помагајќи им да научат дека е во ред да се борат и да не успеат. Често, на почетокот се колебаат, но со текот на времето, тие го прифаќаат предизвикот, а гордоста што ја чувствуваат кога ќе ги надминат пречките е трансформативна. Во тие моменти тие навистина растат.

Излегувањето од комфорната зона е за негување на менталитет кој прифаќа предизвици, мали и големи. Следниот пат кога вашето дете ќе се двоуми пред нешто ново, потсетете го дека е во ред е да му биде непријатно. Тука ќе го најде својот раст.

 

ТЕКСТОТ Е АВТОРСКИ И ЗАБРАНЕТО Е КОПИРАЊЕ и РЕОБЈАВУВАЊЕ НА ЦЕЛ ТЕКСТ ИЛИ ДЕЛ ОД НЕГО БЕЗ ПРЕТХОДНО ОДОБРЕНИЕ ОД STEM Academy

Unlock Your Child’s Potential: Is the Safety of Comfort Zones a Myth?

 

Comfort zones are often seen as a place of safety for kids—predictable, familiar, and without the risk of failure. But while staying in that zone feels easy, it could actually be holding your child back from growing into a resilient, confident individual. Growth doesn’t happen when things are simple; it happens when they’re just challenging enough to stretch.

Let’s say your child is building a LEGO tower. They use the same pieces, over and over, because they know those blocks fit together well. It works. The tower is stable. But what if they were asked to create something more complex? Suddenly, it’s not so easy. They might even want to quit. But stepping in to help every time they struggle keeps them in their comfort zone—sure, they finish, but they miss out on learning how to persist when things get tough.

This is where resilience is built—in moments of discomfort, frustration, and uncertainty. And that’s the key to helping your child grow. It’s not about forcing them into challenges they’re not ready for, but offering small, manageable steps that push them to think differently and try new things. Discomfort isn’t something to avoid—it’s something to embrace as a part of learning and development.

So, how do we get them out of their comfort zone? It starts with shifting our mindset as parents. We need to move away from the idea that we should protect our kids from every frustration and instead help them navigate through those tough moments. Think about teaching your child to ride a bike. They’ll fall, they’ll get frustrated, but if you keep them on training wheels forever, they’ll never feel the freedom of mastering something new. It’s the same with other life skills. Struggling with a math problem, navigating a tough social situation, or trying something new in a STEM class—these experiences build their ability to cope with bigger challenges in the future.

But how do you know if you’re pushing them too hard? Watch for signs of overwhelming frustration or anxiety. If they’re withdrawing, it might be time to ease up and reassess. The goal is to find the right balance—enough challenge to stretch them, but not so much that they feel defeated. Think of it as stretching a rubber band: too little tension, and it stays loose; too much, and it snaps.

In our after-school STEM programs, we see this dynamic play out regularly. Kids come in with different strengths—some excel in building, others in coding or problem-solving. We rotate tasks to ensure they all face challenges, helping them learn that it’s okay to struggle and fail. Often, they’re hesitant at first, but over time, they rise to the occasion, and the pride they feel when they overcome obstacles is transformative. It’s in these moments that they truly grow.

Stepping out of the comfort zone is about fostering a mindset that embraces challenges, big and small. Next time your child hesitates when faced with something new, remind them: it’s okay to be uncomfortable. That’s where they’ll find growth.

 

ТЕКСТОТ Е АВТОРСКИ И ЗАБРАНЕТО Е КОПИРАЊЕ и РЕОБЈАВУВАЊЕ НА ЦЕЛ ТЕКСТ ИЛИ ДЕЛ ОД НЕГО БЕЗ ПРЕТХОДНО ОДОБРЕНИЕ ОД STEM Academy