Креирање на Деца имуни на предизвици во животот: Надминување на „Синдромо на Вратата од Фрижидерот“ ( Fridge Door Syndrome )
Детето се враќа дома од училиште, преполно со гордост и му го подава најновиот цртеж на родителот. Родителот, воодушевен, вели: „Толку сум горд/а на тебе! Ти си толку талентиран/а!“ и веднаш го закачува цртежот на вратата од фрижидерот. Тоа е прекрасен момент – но што ако овој модел несвесно обликува негативна слика која детето ја креира за својата вредност?
Во STEM Академија, оваа динамика ја гледаме повторно и повторно. Кога пофалбите се насочени кон достигнувањата наместо кон трудот кое детето го вложило, децата можат да почнат да веруваат дека нивната вредност зависи само од наградите кои ги добиваат, оценките што ги постигнуваат или од одобрувањето од другите (најчесто тоа се авторитети од опружувањето: родител, наставник и сл.). Овој „Синдром на Вратата од Фрижидерот“ ( Fridge Door Syndrome ), може да ја поткопа нивната самодоверба, оставајќи ги неодлучни да преземат ризици, исплашени од неуспех и несигурни во своите способности.
Отпорноста, способноста да се справуваат со неуспеси со храброст и љубопитност, е вештина на која можеме да ги научиме нашите деца. И кога тоа ќе го направиме, тие ќе се развијат во самоуверени и сигурни личности, подготвени да ги прифатат предизвиците во животот.
Проблемот со „Синдромот на Вратата од Фрижидерот“(Fridge Door Syndrome )
Кога децата добиваат пофалби врз основа на нивниот успех, тие потсвесно примаат порака: „Јас вредам само колку моите достигнувања.“ Со тек на време, ваквиот начин на размислување може да доведе до:
- Страв од неуспех: Можат да избегнуваат предизвици каде што успехот не е загарантиран.
- Зависност од надворешна потврда: Без постојани пофалби, можат да ја доведат во прашање својата вредност.
- Перфекционизам: Грешките стануваат нешто од што се плашат, наместо нешто од кое учат.
Еден ученик од нашата група во која се изучува роботика го искуси ова од прва рака. Работејќи со недели на изработка на комплексен робот за натпревар, на денот на натпреварот роботот не успеа да ги изврши работите како што детето очекуваше. Првобитната реакција беше разочарување – чувствуваше дека не успеал. Но, преку охрабрување да размисли за својот труд, креативност, упорности работите кои ги има научено, тој замина со ново разбирање: неговата вредност не зависи само од еден исход, туку од неговата подготвеност да продолжи да се труди.
Како Градиме Отпорност на предизвици во STEM Академијата
Отпорноста/имуноста не е нешто со кое децата се раѓаат – тоа е вештина која ја развиваат. Во STEM Академија, наша мисија е да ја негуваме оваа вештина низ секој предизвик, проект и момент на учење.
1. Славење на Трудот Наместо на Резултатите
Кога децата ни ги покажуваат своите креации, се фокусираме на процесот. Прашуваме: „Што те инспирираше за ова?“, „Кој дел ти беше најтежок?“ или “Кој е заклучокот што може да се извлече” Ова го пренасочува нивниот фокус од барање одобрување кон вреднување на нивната креативност и упорност.
2. Нормализирање на Неуспехот како можност за Раст
Грешките се дел од STEM – и од животот. На еден од нашите часови за кодирање, на дел од учениците програмата постојано покажуваше грешки.Наместо едукаторот да ја поправи, ги насочи да размислат: „Што можеме да пробаме поинаку?“ Нивната упорност им покажа дека неуспехот не е крај – тоа е чекор напред кон раст.
3. Поттикнување на Внатрешна Мотивација
Ги учиме децата да размислуваат за својот напредок со прашања како: „На што најмногу си горд/а денес?“ Ова им помага да најдат гордост во своите напори наместо да се потпираат на надворешни пофалби.
4. Поддршка на Родителите да ја Засилат Отпорноста Дома
Со родителите споделуваме стратегии како да се усогласи нашиот пристап со нивниот, како што се:
- Пофалување на љубопитноста и трудот, напр., „Толку многу се потруди да го разбереш ова!“
- Фокусирање на учењето, напр., „Што научи додека го правеше ова?“
- Оставање простор за независно решавање на проблемите, дури и кога е примамливо да се помогне.
5. Искористување на STEM за Да Се Учат Животни Вештини
STEM не се фокусира само на градење роботи или решавање проблеми од секојдневниот живот – туку и на учење како да се адаптираш, размислуваш критички и се справуваш со предизвиците со самодоверба. Овие вештини ги подготвуваат децата за неизбежните подеми и падови во животот.
Пренасочување на Фокусот Од Потврда Кон Раст
Децата впиваат многу повеќе отколку што мислиме. Тие се огледало на нашите вредности и ако им покажеме дека љубопитноста, трудот и учењето се најважни и дека треба да се вреднуваат според нив, тие ќе ги усвојат овие вредности. Наместо да речете: „Толку сум горд/а што победи,“ обидете се со: „Работеше толку напорно на ова – неверојатно е да се види како напредуваш.- победата е резултат на трудот кој го имаш вложено“ Оваа мала промена може да има огромно влијание врз нивниот начин на размислување.
Во STEM Академија, го гледаме овој процес секојдневно. Дете кое некогаш се откажувало при првиот знак на потешкотии, сега самоуверено го реконструира својот LEGO проект кој се урнал – не заради аплауз, туку затоа што научило да верува во своите способности. Тоа тивко, лично задоволство – задоволството што доаѓа од упорност – е сржта на отпорноста.
Отпорноста/имуноста е Повеќе од Дар – Тоа е Вештина која се стекнува
Секој момент кога самодовербата на детето е предизвикана, секојпат кога ќе речат: „Не можам да го направам ова,“ е можност да ги научиме дека можат. Кога ќе им помогнеме на децата да ги видат грешките како чекори напред, им даваме повеќе од самодоверба – им даваме храброст да пробуваат повторно.
Храброст не претставува отсуство на страв, туку способност да се продолжи и покрај стравот и неизвесноста кои се чувствуваат.
По години, можеби нема да ги паметат наградите или магнетите на фрижидерот. Но, ќе ја носат со себе вербата дека се способни, силни и доволни – токму такви какви што се. А зарем тоа не е најголемиот дар што можеме да им го дадеме?