Што е STEM ?
Во светски рамки се повеќе се препознава значењето на STEM образованието како механизам за креирање на долгорочна вредност и најзначајна инвестиција во едукацијата на децата. Да се биде успешен во современа економијата базирана на знаење бара совладување на нов збир од знаења, способности и вештини. Тие вклучуваат познавања на основните принципи на математиката и природните науки, и способност за употреба на информациска и комуникациска технологија, писменост, вештини за странски јазик, но и така наречените меки вештини како што се иновативно размислување и способност за размислување надвор од рамките, начин на размислување за решавање проблеми, критичко размислување, тимски способности и сл.