ПРИЈАВА ЗА БЕСПЛАТЕН ПРОБЕН ЧАС
Вашето дете знае да склопува. Ние го учиме да размислува.
Бесплатен пробен час по роботика и STEM (5–16 години) – ќе видите како детето решава мал предизвик со поддршка од едукатор, не само како склопува.
Дали и вие како родител се прашувате…
• Дали моето дете ќе биде подготвено за иднината – или само учи „на памет“?
• Дали знае да размислува, тестира идеи и решава проблеми?
• Дали има самодоверба и истрајност кога нешто не оди од прва?
• Дали соработува со другите во тимот?
Ова НЕ е програма само за склопување роботи.
Ова е учење како се размислува, планира и решава проблем
Без обврска. Без притисок. Само запознавање со начинот на работа.
Пријава за бесплатен пробен час
Како изгледа бесплатниот пробен час?
На пробниот час детето работи на мал STEM/роботски предизвик, со поддршка од сертифициран едукатор. Ќе видите дали е активно, како размислува и дали покажува интерес и радост додека учи.
Придобивки за вашето дете
🎯 STEM вештини преку практична работа (не само игра)
Детето не само што склопува, туку размислува зошто нешто функционира, тестира идеи и гледа како математиката и технологијата се применуваат во реалниот живот.
🔍 Критичко размислување и решавање проблеми
Наместо готови решенија, децата пробуваат повеќе пристапи и учат да не се откажуваат кога нешто не оди од прва.
🤝 Лидерство и тимска работа
Децата учат да се слушаат, да преземат одговорност и да соработуваат – клучно и за училиште и за живот.
❤️ Социјални и емоционални вештини
Преку работа во група учат да ги регулираат емоциите, да градат отпорност и да комуницираат појасно и посмирено.
💻 Технолошка писменост (не пасивно користење)
Наместо само да користи технологија, детето разбира како функционира и гради самодоверба во дигиталниот свет.
🌱 Менталитет за раст
Грешките се дел од учењето: „не знам уште“ е подобро од „не можам“.
👨👩👧 За родителите: кратка презентација на пробниот час
Додека децата работат, родителите слушаат кратка презентација: зошто методот функционира, кои техники користиме и како се гради самодоверба, фокус и истрајност – без стручни термини, со реални примери.
Што не прави уникатни?
Докажан успех
Нашите ученици редовно освојуваат први и високи места на национални и меѓународни натпревари и олимпијади по роботика.
Глобално акредитирани
Единствена организација во Македонија и регионот со глобална акредитација за STEM образование.
Експертски едукатори
Програми водени од акредитирани и искусни едукатори, фокусирани и на академски и на личен развој.
Учење во мали групи
Максимум 8–10 деца во група за реално внимание и напредок.
Како е организирана наставата?
Еднаш неделно • 60–75 минути • фиксен термин за групата
Колку чинат часовите?
3.350 денари за 4 недели. Нема дополнителни трошоци – материјалите ги обезбедуваме ние.
Што велат родителите?
„По неколку недели во STEM Академија, забележав дека моето дете почна појасно да објаснува како размислува и зошто избира одредено решение. Не станува збор само за роботика – се гледа поголема самодоверба и интерес за учење.“
— Александра, родител
Бесплатен пробен час – за да се уверите дали ова е вистинската програма за вашето дете.
Често поставувани прашања ?
Дали детето мора да има предзнаење по роботика или програмирање?
Не. Програмите се дизајнирани според возраста и не е потребно никакво претходно искуство.
Која програма ќе ја посетува моето дете?
Секоја возрасна група има своја посебно дизајнирана STEM програма, прилагодена на развојното ниво на децата.
Колку пати неделно се одржуваат часовите?
Часовите се одржуваат еднаш неделно, во фиксен термин за групата.
Дали часовите се одржуваат со LEGO® коцки?
Да. Користиме LEGO® Education сетови како алатка за учење. Фокусот не е на склопување, туку на размислување, решавање проблеми и соработка.
Каде тимовите на STEM Academy имаат освоено награди?
- 2024 – 1 и 2 место на роботска олимпијада, Крит
- 2024 – Најдобра презентација на решение, Роботска олимпијада (Крит)
- 2024 – Најдобро иновативно решение, Пан Медитерански игри (Атина)
- 2024 – Најдобро инженерско решение, Пан Медитерански игри (Атина)
- 2023 – 1 место во решавање на мисии со робот, Национално првенство First Lego League
- 2023 – Најдобар дизајн на робот, Национално првенство First Lego League
- 2022 – 1 место во решавање на мисии со робот, Национално првенство First Lego League
- 2022 – Најдобар дизајн на робот, Национално првенство First Lego League
- 2019 – Второ место, Светско првенство First Lego League (Либан)
- 2019 – 4 место, First Lego Adria League (Цеље, Словенија)
- 2019 – Награда за најдобар тим, First Lego Adria League (Цеље, Словенија)
Дали бесплатниот пробен час ме обврзува на упис?
Не. Пробниот час е целосно бесплатен и без никаква обврска. Вие одлучувате дали сакате да продолжите.
