ПРИЈАВА ЗА БЕСПЛАТЕН ПРОБЕН ЧАС 12 СЕПТЕМВРИ

Вашето дете знае да склопува. Ние го учиме да размислува.

 

За деца 5–14 години • СЦ Борис Трајковски • Термини според возраста – ќе видите како детето решава мал предизвик со поддршка од едукатор, не само како склопува.

 

Вашето дете учествува на еден час со други деца на иста возраст, а вие добивате кратка презентација за програмата и начинот на работа.

Без обврска за запишување.

Дали и вие како родител се прашувате…

• Дали моето дете ќе биде подготвено за иднината – или само учи „на памет“?

• Дали знае да размислува, тестира идеи и решава проблеми кога нешто не оди од прва?

Ова НЕ е програма само за склопување роботи.
Ова е учење како се размислува, планира и решава проблем

Без обврска. Без притисок. Само запознавање со начинот на работа.

Пријава за бесплатен пробен час

Prijava – Besplaten Proben Cas

Што не прави уникатни?

🏆 Докажан успех
Нашите ученици се трикратни победници на Глобалната олимпијада по роботика (2024, 2025, 2026) и освојувачи на бројни меѓународни награди.

🌍 Глобално акредитирани
Единствена глобално акредитирана STEM организација во Македонија

👩‍🏫 Експертски едукатори
Програмите ги водат обучени и искусни едукатори, со внимание на развојот на секое дете.

👥 Учење во мали групи
Максимум 8–10 деца, организирани според возраста.

12+ години искуство

Повеќе од 12 години им помагаме на децата да развиваат логичко размислување, креативност и вештини за иднината.

 Бесплатен пробен час – за да се уверите дали ова е вистинската програма за вашето дете.

Придобивки за вашето дете

🎯 STEM вештини преку практична работа (не само игра)

Детето не само што склопува ЛЕГО модели и роботи, туку размислува зошто нешто функционира, тестира идеи и гледа како математиката и технологијата се применуваат во реалниот живот.

🔍 Критичко размислување и решавање проблеми

Наместо готови решенија, децата пробуваат повеќе пристапи и учат да не се откажуваат кога нешто не оди од прва.

🤝 Лидерство и тимска работа
Децата учат да се слушаат, да преземат одговорност и да соработуваат – клучно и за училиште и за живот.

❤️ Социјални и емоционални вештини
Преку работа во група учат да ги регулираат емоциите, да градат отпорност и да комуницираат појасно и посмирено.

💻 Технолошка писменост (не пасивно користење)
Наместо само да користи технологија, детето разбира како функционира и гради самодоверба во дигиталниот свет.

🌱 Менталитет за раст
Грешките се дел од учењето: „не знам уште“ е подобро од „не можам“.

👨‍👩‍👧 За родителите: кратка презентација на пробниот час
Додека децата работат, родителите слушаат кратка презентација: зошто методот функционира, кои техники користиме и како се гради самодоверба, фокус и истрајност – без стручни термини, со реални примери.

Како е организирана наставата?

📅 Како е организирана наставата?
Еднаш неделно • 60–75 минути • фиксен термин за групата

💰 Колку чинат часовите?
3.350 денари за 4 недели. Нема дополнителни трошоци – материјалите ги обезбедуваме ние.

На пробниот час детето работи на мал STEM/роботски предизвик, со поддршка од сертифициран едукатор. Ќе видите дали е активно, како размислува и дали покажува интерес и радост додека учи.

Што велат родителите?

„По неколку недели во STEM Академија, забележав дека моето дете почна појасно да објаснува како размислува и зошто избира одредено решение. Не станува збор само за роботика – се гледа поголема самодоверба и интерес за учење.“
— Александра, родител

Често поставувани прашања ?

Дали детето мора да има предзнаење по роботика или програмирање?

Не. Програмите се дизајнирани според возраста и не е потребно никакво претходно искуство.

Која програма ќе ја посетува моето дете?

Секоја возрасна група има своја посебно дизајнирана STEM програма, прилагодена на развојното ниво на децата.

Колку пати неделно се одржуваат часовите?

Часовите се одржуваат еднаш неделно, во фиксен термин за групата.

Дали часовите се одржуваат со LEGO® коцки?

Да. Користиме LEGO® Education сетови како алатка за учење. Фокусот не е на склопување, туку на размислување, решавање проблеми и соработка.

Каде тимовите на STEM Academy имаат освоено награди?
  • 2024 – 1 и 2 место на роботска олимпијада, Крит
  • 2024 – Најдобра презентација на решение, Роботска олимпијада (Крит)
  • 2024 – Најдобро иновативно решение, Пан Медитерански игри (Атина)
  • 2024 – Најдобро инженерско решение, Пан Медитерански игри (Атина)
  • 2023 – 1 место во решавање на мисии со робот, Национално првенство First Lego League
  • 2023 – Најдобар дизајн на робот, Национално првенство First Lego League
  • 2022 – 1 место во решавање на мисии со робот, Национално првенство First Lego League
  • 2022 – Најдобар дизајн на робот, Национално првенство First Lego League
  • 2019 – Второ место, Светско првенство First Lego League (Либан)
  • 2019 – 4 место, First Lego Adria League (Цеље, Словенија)
  • 2019 – Награда за најдобар тим, First Lego Adria League (Цеље, Словенија)
Дали бесплатниот пробен час ме обврзува на упис?

Не. Пробниот час е целосно бесплатен и без никаква обврска. Вие одлучувате дали сакате да продолжите.

 

 

Дозволете му прво да проба.

Бесплатен пробен час • 12 септември • деца 5–14 години

 

Вашето дете ќе учествува на час со деца на иста возраст, а потоа вие одлучувате дали програмата е вистинскиот избор за него.

Scroll to Top