F.A.Q

Што претставува STEM ?

STEM e кратенка од зборовите на англиски јазик Science, Technology, Engeneering and Mathematics или преведено на македонски Наука, Технологија, Инженерство и Математика, и во светот веќе претставува вообичаен збор со кој се опишува добро осмислени активности за когнитивно учење на 21виот век. За жал многу чинители прават голема грешка и го поистоветуваат STEM образованието со едноставно вклучување на поголем број на научни, инженерски или математички теми и часови во образованието,  меѓутоа под STEM се подразбира  интегриран пристап на учење  низ наставните области и претставува мешавина од академски и технички вештини. Така во STEM едукацијата се опфатени развој на вештини за критичко размислување,  вештини на за осмислување на експерименти и  поставување на прашања кои ќе доведат до релевантни заклучоци, развој на вештини за иновативно размислување, анализа на податоци од мерења и логичко носење на заклучоци, идентификување на поврзаност на најразновидни дисциплини, начин на размислување со пристап кон решавање на проблеми, колаборативна работа, добра комуникација во тимот, подобрување на истражувачките вештини и слично.

Што е когнитивно учење ?

Начин на стекнување на знаење и вештини со користење на т.н. когнитивен процес. Когнитивниот процес вклучува расудување, апстрактно размислување, носење одлуки, решавање проблеми и слично. Во когнитивното учење индивидуата учи преку набљудување и доживување на нештата. Овие информации се процесирани од мозокот и тој се потсетува на нив подоцна според потребите, односно кога индивидуата ќе се најде во слична ситуација.

Што е STEM Академија ?

Во светски рамки се повеќе се препознава значењето на STEM образованието како механизам за креирање на долгорочна вредност и најзначајна инвестиција во едукацијата на децата. Да се биде успешен во современа економијата базирана на знаење бара совладување на нов збир од знаења, способности и вештини. Тие вклучуваат познавања на основните принципи на математиката и природните науки, и способност за употреба на информациска и комуникациска технологија, писменост, вештини за странски јазик, но и така наречените меки вештини како што се иновативно размислување и способност за размислување надвор од рамките, начин на размислување за решавање проблеми, критичко размислување, тимски способности и сл. Имајќи ги на ум, сите овие факти и податоци од најновите истражувања, Фондацијата за промовирање на иновативно учење, едукација и личен развој, STEM Академијата спроведува високо едукативни и забавни програми за деца од 5 до 12 години базирани на STEM (Science, Technology, Engineering, Math) во кои децата ќе ги научат клучните содржини базирани на STEM, како и приемена на најбараните вештини на 21от век, како иновативно размислување, тимската работа, одлично комуникативно изразување и критичко размислување. Во овие наменски креирани програми, децата преку соодветно осмислени игри и активности во кои се користат наменски развиени LEGO® елементи ќе го изнајдат одговорот на сложените прашања, проблеми или предизвици и ќе им помогнат на децата да ги научат клучните содржини, како и приемена на најбараните вештини на 21от век. .

Кои предности ги нуди STEM Академијата споредено со други програми?

Традиционалните образовни методи се несоодветни за оспособување на децата со вештините кои им се потребни во економија заснована на знаење. Традиционалниот модел на учење се разликува од методите на современото учење на важни начини. Тие треба да го заменат учењето напамет засновано на информации, насочено кон наставникот, со нов вид учење чиј акцент е ставен на создавање, примена, анализа и синтетизирање на знаење, како и примена на учење кое вклучува соработка, партнерство и други социјални вештини кои се применуваат во текот на целиот живот. Оваа програма им овозможува на децата да стекнуваат вештини низ когнитивно учење, кои им се неопходни во современиот живот. Овие вештини и знаења се стекнуваат низ игра и длабоко се всадуваат во нив.

Кои вештини ќе ги стекне моето дете ?

По завршување на програмите кои ги нуди STEM Academy децата ќе имаат:

  • Изградени и зајакнати когнитивни и моторни способности
  • Изградени вештини за полесно решавање на проблеми
  • Зајакнати комуникациски вештини и зајакнато иновативно изразување на децата
  • Стимулирани квалитетити за истражување, самодоверба кај децата и верба во нивната креативност, како и разбирање за тоа како работите и предметите функционираат околу нив
  • Знаење и употреба на соодветна терминологија и содржини на англиски јазик
  • Развиено чувство за тимска работа и социјални способности
  • Позитивен став кон работите и чувство на одговорност
  • Преку оваа програма за време на часовите децата ќе ја развијат својата самодоверба, преку примена на современи  практитки на учење од 21-виот век, притоа предизвикувајќи ги границите на традиционалните пристапи во образовнието.

Зошто STEM  (Науката, Технологијата, Инженерството и математиката) се важни за професионалниот развој на моето дете ?

Истражувањата покажуваат дека најголемиот дел од студентите се запишуваат на факултети и струки кои не се  технички, а пазарот на трудот е веќе заситен од таков профил. Тие не придонесуваат многу во економскиот развој на државата и во развојот на претприемачкиот дух на младите луѓе. Таканаречените тврди вештини (STEM) се вештини кои им овозможуваат на учениците своите знаења да ги прелеат во економијата. Па така, во светот сè повеќе се бараат добри инженери и научници кои се спремни да развијат нешто ново. Исто така, светските истражувања покажуваат дека 98% од брзорастечките компании во развој, се засновани врз некоја иновативна идеја која во себе опфаќа токму STEM.

Како моето дете ќе ги разбере овие комплексни принципи ?

Оваа програма е наменски креирана,  така што децата уште во раниот развој искуствено се стекнуваат со знаења кои ги стекнуваат низ игра. Активностите се осмислени така што низ игра и користење специјални LEGO елементи и механизми на многу едноставен начин кој е лесно разбирлив за детскиот мозок ги разбираат основите на овие комплексни принципи.

Каков е тимот на STEM Академијата?

Тимот на STEM Академијата е составен од голем број на професионалци од својата област. Во тимот имаме луѓе со докажана експертиза во работа со деца (педагози), екепрти за човечки ресурси, докажани инженери, комуникологози, дефектолози, професори по математика и итн. Сите овие професионалци не само што ја имаат поминато наменската обука за пренесување на знаење од LEGO® програмата во училница туку од аспект на полето на сопствената експертиза, придонесуваат во прилагодувањето на програмите со што се додава дополнителна вредност, па така програмите се прилагодени максимално согласно потребите на децата.

Дали моето дете во оваа програма ќе научи странски јазик?

Децата во текот на активностите се запознаваат со многу стручен вокабулар на англиски јазик и термини кои се обработуваат во текот на програмите.

Колку чинат програмите ?

Цената на програмите изнесува 2500 денари  за четири часа на месечна основа (3000 доколку наставата се одвива на англиски јазик)  Програмите се наменети за деца од 5 – 12 години. Во цената се вклучени сите трошоци во однос на посетата на часовите,  вклучително училишен прибор, униформа, и   реквизитите од LEGO елементи кои се наменети исклучиво за едукација со кои работат на часовите.

Колку пати месечно се оддржуваат часовите ?

За да можат децата да ја задржат концентрацијата часовите не траат подолго 75 минути и се оддржуваат во попладневните часови од (17 до 21 h) надвор од училишните активности, во просториите на STEM Academy еднаш во текот на неделата или четири пати во текот на месецот.

Со какви реквизити учат децата?

Реквизитите се специјално изработени LEGO® елементи наменети исклучиво за потребите на LEGO® образование и тие подлежат на највискоите стандарди на LEGO® за безбедност на материјали, бои и слично.