Што е КОМУНИКАЦИЈА
” Употреба на јазикот и социјално однесување за време на врсничките интеракции … односно, вербалните и невербалните однесувања на децата додека тие пристапуваат кон своите врсниците, потоа нивните секојдневни разговори, како и спонтаното решавање на конфликтите за време на врсничките интеракции” – Timler, Olswang, and Coggins, 2005, p. 171).
Што е LEGO® Based Therapy?
• Улоги, цели и практични активности.
Зошто Lego – Based Therapy им помага на децата со аутизам?
LEGO®- Based Therapy е соработка низ игра базирана на социјални вештини, како и интервенција наменета за подобрување на социјалната компетентност кај деца со аутизам и слични состојби.
LEGO®- Based Therapy има за цел:
➢ Промовирање на развој на соодветни социјални вештини, комуникација и игра
➢ Користење на постоечките способности на децата во насока на развивање на областите на слабост
Истражување:
“Фреквенцијата на самоиницијалниот контакт со врсниците за време на слободна игра од моментот на првиот LEGO® час се зголемува за 69% по примена од три месеци на LEGO®-Based Therapy” (LeGoff 2004)
“Децата кои се вклучени во LEGO®-Based Therapy покажуваат поголеми подобрувања во однесувањето, социјалните вештини и времетраењето на социјалната интеракција со врсниците” (LeGoff et al, 2011)
Целите на LEGO®-Based Therapy за деца со ASC се:
- да ја подобрат нивната мотивација да иницираат општествен контакт со врсниците.
- подобрување на нивната способност да одржат интеракцијата со врсниците за одреден временски период.
- да ја подобрат нивната способност за соработка и да користат комуникација за решавање на проблемите.
LEGO-®Based Therapy ги поттикнува децата со аутизам да комуницираат и да соработуваат едно со друго, но и да решаваат проблем преку градење на модели во парови или групи од три, според поставените правила.
Други деца кои можат да имаат корист од LEGO-®Based Therapy…
- Тивки, срамежливи деца
- Деца со ниска самодоверба
- Деца со потешкотии во социјализацијата
- Деца со намалени интелектуални способности / траума
Возраст
- Возраст 6 – 16. Не е погоден за мали деца кои имаат потешкотии
при манипулирање со коцки. - Децата треба да имаат доволно вербални вештини за да комуницираат со кратки реченици и да слушаат кратки упатства.
Преглед на LEGO® – Based Therapy
Фрекфенција: една сесија неделно
Времетраење: вообичаено 60 минути
Период на интервенција: 12 недели плус кратки воведни сесии
Група: Три деца со еден едукатор
Пример:
Временски ограничена активност
Децата работат во пар правејќи модел и користејќи една од Lego® Challenge картичките.
За оваа задача имаат 5 минути.
- Првиот е тhe ENGINEER и тој/таа ги ги опишува инструкциите.

- Вториот е тhe SUPPLIER и тој/таа ги наоѓа точните делови.
- Третиот е тhe BUILDER и тој/таа ги составува коцките и го гради моделот.
- После одредено време, се менуваат улогите.
Кои вештини ги учат, практикуваат и применуваат децата?
- Зборување – тон,интонација;
- Решавање проблем,
- Слушање;
- Забележување;
- Коментирање;
- Поттикнување;
- Јасни објаснувања;
- Следење инструкции
- Соработка
У
логата на едукаторот е да го потенцира присуството на проблем и да им помогне на децата да излезат со сопствени решенија, а не да укажуваат на специфични социјални проблеми или да дадат решенија за социјалните потешкотии.
Решенијата кои ги наоѓаат децата се практикуваат се додека не можат самостојно да направат, а едукаторот може да ги потсетува децата на одредени стратегии ако во иднина се појават слични тешкотии.
