СТЕМ Академијата ја користи методологијата која повеќе од 3 декади е развиена од LEGO® Education. Карактеристично за овие програми е дека обезбедуваат образование кое трае за цел живот. Суштината на методологијата е дека децата мора да се наведуваат од страна на стручните едукатори и постојано да се поддржуваат за да станат:
Систематично креативни:
- комбинирајќи логика и креативно размислување низ игра и имагинација,
- давајќи им насоки кои ќе им помогнат во формирање на начинот на размислување,
- комбинирајки, истражувајќи и трансформирајќи идеи и објекти.
Активно да спознаваат и учат:
- конструирајќи работи во реалниот свет, и на тој начин самостојно да формираат сопствено знаење на сопствен начин,
- оставајќи сопствен белег преку изразување на оригиналноста во околина која им го овозможува тоа,
- да чувствуваат сопственост на тоа што го прават, да преземаат одговорност и да бидат проактивни.
Соработливи и активно да примаат знаења:
- да учат и сами да носат заклучоци од интерпретација на искуството и образложението на другите, вклучително нивните соученици и едукатори,
- да дискутираат за тоа како и зошто работите функционираат околу нив,
- помагајќи им на другите, но и на себе преку заедничка интеракција, како и преку заедничкиот јазик LEGO® коцките.
Овој систем за учење го стимулира инстинктот кај децата за спознавање и стекнување на ново знаење. Ги мотивира децата да го применат знаењето во друг контекст и на тој начин да се оддадат на процес на самостојно учење кој ќе им овозможи да стекнат вештини и техники кои им се неопходни во животот. Овие програми се дизајнирани користејќи ја т.н. 4C рамка. Без разлика на кое ниво на учење се применува, оваа методологија формира основа на секое стекнување на знаење преку: