Програмата „Едноставни и моторизирани машини“ е наменета за деца над 11 години. Низ неа децата ќе ги прошират своите знаења за механизмите и структурите кои се составен дел од најразлични машини, како и за разновидните извори на енергија од реалниот свет. Преку креативниот инженерски дизајн и размислување, децата ќе се вовлечат во поставување на научни експерименти и испитувања. Искусните едукатори ги водат децата низ добро осмислените активности и едукативни сесии, кои се поврзани со секојдневниот живот, а истовремено ги поттикнуваат децата на креативен начин, користејќи технологија да се стекнат со знаења и вештини од 21-от век. За време на часовите од програмата, учениците се охрабруваат да учествуваат во решавање на проблеми и самите преку креативно размислување во интеракција со своите другари да создадат ново решение за проблемите.
Дизајн и технологија
- Идентификување на едноставни и моторизирани машини ;
- Развивање на идеја за дизајн;
- Користење на различни материјали со цел дизајнирање на модели со кои може да се управува;
- Предвидување на однесувањето на моделите, мерење и анализа на однесувањето и функцијата на моделите;
- Тестирање на моделите со цел идентификување на механизмот и неговото влијание врз однесувањето на моделот.
Наука и научно истражување
- Идентификување на променливи, нивно мерење и анализа на ефектот на променливите врз перформансите на моделот;
- Внимателна и прецизна опсервација, мерење и евиденција на резултатите;
- Носење на научно потврдени заклучоци врз основа на резултатите добиени од анализите.
Математика
- Примена на математичките принципи и идеи;
- Пресметување на површини, средни вредности, соодноси, мерење на временски променливи, растојанија и тежина со соодветна прецизност, користејќи најразновидни формули и операции;
- Комуникација на математичките идеи во вербална и пишана форма вклучително и графички приказ.
Презентација
- Јакнење на комуникациски и презентациски вештини;
- Поврзување на научените содржини со примери од секојдневниот живот;
- Поттикнување на креативно размислување и презентирање;
- Развивање на апстрактно размислување, пронаоѓање на решенија за дадени проблеми и детално претставување на истите.