Основната цел на оваа програма е да овозможи на децата од оваа возраст да ги разберат основните научни концепти, концептите за дизајн и технологија, развивање на вештини за решавање на проблеми како и социјален и емотивен развој на детето од најраната возраст. Во овие програми, како средства преку кои децата учат, се користат специјализирани LEGO® Education коцки и механизми кои овозможуваат пренос на сила и движење во создадените модели кои се прилагодени на возраста на децата. Исто така во оваа програма децата низ најразновидни сценарија од секојдневниот живот учат за нивните чувства, емоции кај себе или кои ги предизвикале со своите постапки кај другите За време на играта децата активно градат, истражуваат, испитуваат, комуницираат, соработуваат и притоа развиваат најразновидни вештини, знаења и способности. Соддржините кои децата ги учат во овој степен се состојат од:
Социјални и емотивни способности
- Идентификација на емоцијата која е предизвикана во одредена ситуација без нејзино означување како лоша или добра
- Развој на емпатија и сочувствување со другите деца
- Развој на способности за решавање на проблеми преку симулација на ситуацијата и анализа на можните постапки
- Спознавање дека емоцијата е одговор на посебен стимул и да научат соодветен начин на справување со ситуацијата која ја предизвикала таа стимулација
- Јакнење на самодоверба, оптимизам, , позитивен став кон работите и чувство на одговорност, истрајност, љубопитност, мотивираност, самостојно поставување на цели
Наука
Истражување на енергија, сила, брзина, ефектот на триење, читање на скала, собирање на податоци, прикажување на податоци, предвидување на мерки, опис на резултатите и слично.
Дизајн и технологија
Истражување на запчаници, тркала, осовини, лостови и чекреци. Изнаоѓање на решенија врз основа на идентификувани потреби, избор на соодветни материјали, дизајнирање, градење и тестирање, искористување на дводимензионални инструкции за да креираат тродимензионални модели, работејќи кооперативно во тимови.
Математика
Стандардни и нестандардни мерки за растојание, време, тежина, маса, отчитување скали, броење, пресметувања, облици и решавање на проблеми.
Јазик и изразување
- Kомуникација во говорна форма и користење на соодветен вокабулар на македонски и англиски,
- Kористење на визуелизации за поддршка и драматургија на презентациите,
- Kомуницирање и раскажување,