Вовед во роботика

Со помош на програмите “вовед во роботика” децата практично  ги применуваат принципите на науката, технологијата, инженерството, математиката и програмирањето за решавање на проблеми од секојдневниот живот користејќи роботозирани модели.  Единствената комбинација  на LEGO® коцките и роботскиот хардвер, добро осмислената програма, едноставната софтверска околина, возбудливоста на проектите и нивните резултати претставуваат околина која овозможува на учениците поедноставно да ја изградат самодовербата за да поставуваат прашања, да ги дефинираат проблемите, да креираат сопствени решенија . На овој начин децата целосно се вклучени и ангажирани за време на СТЕМ едукацијата и длабочината до која учениците ќе одат за време на решавање на проблемите е оставено во рацете на самите ученици според нивните желба, интерес, преференци и сл.

Активната партиципација во активностите и  експериментите, ги вовлекува децата во научните истражувања што им овозможува на децата да го погледнат проблемот со свои очи, да осмислат и поставуваат прашања, креирање на аргументации, анализирање на податоци и прецизно комуницирање на сопствените заклучоци.

Учениците се мотивирани да изградат и програмираат работен модел кој понатаму служи за понатамошна анализа, мерење и слично со што се навлегува длабоко во темата.

Како основа се користат коцки од сетот на LEGO® education вовед во роботика и во тој сет покрај коцките се наоѓаат неколку електронски елементи како што се

  • Електричен мотор
  • USB Hub
  • Сензор за движење
  • Сензор за поместување и навалување
  • Софтвер

Софтвер

Со цел да може моделите да се контролираат, се користи посебно софтверско решение за контрола на сигналите од и кон моторот, сензорите и слично. Оваа софтверска околина е многу едноставна и интуитивна за користење и служи да децата се запознаат со начинот на алгоритамски размислување како и computational thinking

Методологија

Учењето е секогаш најефективно кога учениците подеднакво го ангажираат својот ум и раце за реализации на моделите, решенијата и идеите. Со овие програми токму тоа се овозможува. На децата им се задава проблем кој се решава со роботизиран модел. При тоа децата се предизвикуваат не само да направат модел и софтверски алгоритам кој го придвижува моделот туку у да го искористат своето знаење во насока како да го подобрат моделот, како да го поевтинат, како да ги подобрат соодветните перформанси и сл/ децата ги откриваат влијанијата на поедини промени врз однесувањето на моделот. На крајот учениците го презентираат својот модел и на тој начин го комуницираат целокупното стекнато знаење на бараната тема.

 

Наука

  • научно истражување и испитување,
  • користење алатки за прибирање информации,
  • комуникација на добиените резултати
  • од истражување,
  • опсервација,
  • резонирање,
  • тимска работа,
  • пренос на движење,
  • лостови, чекрци, запчаници, комплексни преносници на брзина,
  • триење,
  • користење докази за да се поддржат донесените заклучоци.

Дизајн и технологија

  • креирање и програмирање модели,
  • интерпретација на 2-D и 3-D
  • илустрација и креирање на 3-D модели,
  • компарација на природните системи со механички системи,
  • користење на софтвер и soodveten медиум за собирање информации,
  • разбирање дека животните како живи системи користат делови од своите тела како алатки,
  • користење на повратни информации за програмирање zа излезот на системот да go добие саканото однесување,
  • примена на принципите на движење.

Инженерство

  • користење на единици мерки,
  • калкулации со броеви кои имаат два или повеќе цифри,
  • пресметки и процени,
    броење,
  • време во секунди и десеттинки,
  • мерење на сантиметри,
    мерење на меки варијабли,
  • користење на бројки за да се
  • претстави звук, приказ, растојание,
  • поврзување на бројки со модел на однесување,
  • организирање на информација во листи и табели,
  • анализирање на промените во разновидни контексти.

Јазик и изразување

  • комуникација во говорна форма и користење на соодветен вокабулар,
  • користење на визуелизации за поддршка и драматургија на презентациите,
  • комуницирање и раскажување во пишана форма,
  • користење на интервјуа за изнаоѓање информации,
  • опис на логичен след на настани,
  • користење на технологија за креирање и пренесување на идеи.

Основни информации за програмата

За да може да се приклучат во оваа програма во зависност од возраста децата мораат да ја имаат поминато Принципи на СТЕМ/ Едноставни и моторизирани машини, со што ќе се стекнат со основните предзнаења за да можат успешно да ги совладуваат проблемите

  • Часовите се одвиваат еднаш неделно
  • Времетраење на програмата : 26 часа
  • Цена на чинење на програмата: 2500 денари месечно за 4 часа*
  • За две деца од иста фамилија обезбедуваме 20% попуст по дете

*3000 денари месечно за 4 часа доколку програмата се изведува на англиски јазик

Главни вредности на програмата

  • Градење и истражување на обновливите извори на енергија преку реални модели склопени со LEGO елементи,
  • Истражување и носење на заклучоци за снабдувањето со електрична енергија, пренос, акумулација, конверзија и користењето на енергијата,
  • Да се дизајнираат и направат модели кој што ќе ги исполнат конкретните барања на дизајнот,
  • Јакнење на способностите за решавање на проблеми,
  • Поттикнување на креативното размислување на ниво на подобрување на функционирањето на моделот како и смислување на нови начини на користење на моделите,
  • Компјутациско размислување,
  • Креирање на алгоритми,
  • Воспостави релација помеѓу причините и последиците
  • Објаснување за начинот на доаѓање до решение како и осмислување на нови можности за решение
  • Бреинстормирање на идеи и потфати како и нивно спроведување во живо
  • Презентација и презентациски вештини,
  • Способност за осмислување нови идеи преку користење на резултатите од мерења и набљудување,
  • Пронаоѓање на сопствен начин за доаѓање до решенија како и користење на имагинацијата за развивање на дополнителни идеи,
  • Јакнење на вештините и способностите за соработка и работа во тимови,
  • Способност за критичко размислувањње за тоа што може да се случи, и да се испробуваат нови работи
  • Јакнење на самодоверба, оптимизам, , позитивен став кон работите и чувство на одговорност, истрајност, љубопитност, мотивираност, самостојно поставување на цели

Што се учи во оваа програма

Овие програми се состојат е сублимат од 3 различни програми и платформи од различни едукативни лидери и тоа од LEGO® Education – WE DO; MIT Labs – Scrath ; Microsoft education – Power point/ Sway

LEGO® Education – WE DO

Користејќи го специфичните елементи од LEGO® Education како што се мотори и сензори, децата склопуваат модели кои се моторизирани и кои прават одредени движења. Исто така овде се користи и посебен софтвер од LEGO® education за контролирање и анализа на сигналите од сензорите и задавање на наредби на моторот.

MIT Labs – Scrath

Оваа светски позната платформа во рамките на часовите се користи за децата се научат да размислуваат алгоритамски и да ги разглобуваат проблемите на поедноставни и претставување на активности за нивно решавање. На овој начин децата почнуваат да ја учат филозофијата на програмирање без притоа да учат некој специфичен програмски јазик. Платформата е развиена од MIT.

Microsoft education Power Point/Sway

На крајот од секоја сесија децата ги користат познатите алатки од Microsoft за презентација. На овој начин децата се стекнуваат со практични знаења од специфичните Microsoft Office програми но и под водство на едукаторите подготвуваат презентација со што се стекнуваат со презентациски вештини.