Роботика - Mindstorm

Степените од програмата на Mindstorms Education  е наменета за учениците да дизајнираат, изградат, програмираат да ги тестираат своите решенија кои се базирани на LEGO® education  елементи и вистинска роботска технологија.

Lego Mindstorms е хардверско-софтверска платформа создадена од LEGO за развој на програмибилни роботи базирани на блоковите на LEGO, идеален начин за совладување на STEM  вештини .

Многу студии во светот потврдуваат дека дека практиките за компјутерско размислување (Computational thinking) се критични за успешниот кариерен развој на учениците. Тие го формираат темелот на иновациите, и преставува двигател на сите идни откритија од областа на СТЕМ. Тие се нов сет на “основни вештини” што се појавуваат како неопходни вештини што учениците треба да ги стекнат.
Но, кои се тие? На прв поглед, концептите како “разгледување на проблемите аналитички” и “користат податоци за да ги информираат одлуките” изгледа апстрактно и тешко разбирливо. Затоа образованието кое користи роботски системи како Mindstorms Education EV3 претставуваат многу потребна алатка за да се направaт овие концепти вистински, опипливи за учениците и пристапни.
Дури и едноставни проблеми како придвижување на робот од една точка до друга бараат прецизна, внимателна и планирана комуникација помеѓу ученикот и роботот. Како што предизвиците стануваат посложени, учениците учат да ги разложат големите проблеми во поедноставни и конструираат функционални решенија чекор по чекор.

Овие практики – прецизно логично размислување, користејќи податоци за донесување одлуки, анализирање проблеми и градење решенија во тимови – се критични во сите облици на решавање проблеми, не само од областа на роботиката.

Активностите поврзани со извршување на работа со помош на робот се конкретни, контекстуализирани и обезбедуваат брзи повратни информации за ученикот дали неговото размислување и решение е точно и претставува важен фактор во задоволувањето на желбата на ученикот за успех и создавање на мотивација за продолжување на учењето.

Учениците учат за роботиката и технологиите кои се применуваат, кои влијаат на сите современи индустрии, од земјоделството до здравството, банкарството, производството, транспортот, енергијата и безбедноста.

Корисноста од роботиката и роботските технологии, од автоматски пилоти на авиони, до банкарски машини, до паметни телефони, да се само-наведувачки автомобили им помага на учениците да бидат “посветени ученици”, бидејќи тие сфаќаат дека содржината што тие ја проучуваат е важна или ќе им биде важна во иднина.

Основни информации за програмата

  • Времетраење на часовите : 75 минути,
  • Часовите се одвиваат еднаш неделно
  • Времетраење на програмата : 26 часа
  • Цена на чинење на програмата: 2500 денари месечно за 4 часа*
  • За две деца од иста фамилија обезбедуваме 20% попуст по дете

*3000 денари месечно за 4 часа доколку програмата се изведува на англиски јазик

Главни вредности на програмата

  • Користење на метод апстракции и препознавање на моделот за да го претставува проблемот на нови и различни начини,
  • Логично организирање и анализа на податоци,
  • Декомпозиција на проблемот во помали и поедноставни за решавање проблеми,
  • Препознавање на модели на повторување, шаблони, трендови и регуларности во податоците,
  • Поттикнување на креативното размислување на ниво на подобрување на функционирањето на моделот како и смислување на нови начини на користење на моделите,
  • Идентификација на генералните принципи кои ги генерираат овие модели на повторување,
  • Пристап кон проблемот користејќи техники за програмски размислувања, како што се повторување, симболичка репрезентација и логички операции,
  • Претставување на проблемот во серија на чекори (алгоритамско размислување),
  • Идентификување, анализирање и имплементирање на можни решенија со цел постигнување на најефикасна комбинација на чекори и ресурси
  • Генерализирање на овој процес на решавање на проблеми на широк спектар на проблеми,
  • Презентација и презентациски вештини,
  • Способност за осмислување нови идеи преку користење на резултатите од мерења и набљудување,
  • Пронаоѓање на сопствен начин за доаѓање до решенија како и користење на имагинацијата за развивање на дополнителни идеи,
  • Јакнење на вештините и способностите за соработка и работа во тимови,
  • Способност за критичко размислувањње за тоа што може да се случи, и да се испробуваат нови работи
  • Јакнење на самодоверба, оптимизам, , позитивен став кон работите и чувство на одговорност, истрајност, љубопитност, мотивираност, самостојно поставување на цели
Што се учи во оваа програма
Користејќи ја платформата на Mindstorms Education учениците навлегуваат во роботиката и роботската технологија при што почнуваат од едноставни концепти па се до посложени концепти и проблеми. Децата учат за тоа како да склопат робот, но и како истиот да го програмираат да изведуваат најразновидни активности како што се автономно пренесување на товар, препознавање на препреки и слично. Оваа програма е базирана врз програмата за роботика на Карнеги Мелон, но во прилагодувањето на оваа програм се вклучени еминентни професори од Машинскиот Факултет во Скопје.