Машините од едноставни до многу сложени нѐ опкружуваат во текот на целиот ден. Ние ги користиме постојано како наша дневна рутина, кога се движиме, кога чистиме, креираме, кога поправаме, се релаксираме и се забавуваме. Во овој степен децата ќе научат кои едноставни машини ги користиме секојдневно, на каков начин истите функционираат и на кој начин секоја од нив ни ја олеснува работата.
Дизајн и технологија
- Идентификување на најразновидни видови на запчаници,
- Креирање на модели кои ќе го менуваат степенот на пренос и зголемување на брзина,
- Креирање на модели кои ќе го намалуваат степенот на пренос и намалуваат брзината,
- Подредување на запчаници за да се вртат во иста или спротивна насока,
- Зависноста на брзината на вртење од бројот на запците и нивната позиција,
- Идентификување на тркала и осовини,
- Изградба на најразновидни модели кои ја менуваат насоката на движење,
- Правење на модели со кои може да се управува,
- Откривање каде триењето може да се најде во секојдневниот живот
- Идентификација на лостот како рака која може да предизвика корисно кружно движење
- Опис на стожер, напор оптоварување
- Откривање на ефикасноста на лостот и делувањето на сили
Наука
- Истражување, набљудување, предвидување, тестирање, брзина, мерење, отчитување и опис на резултатите од начинот на функционирање на едноставните машини.
Математика
- Исцртување на геометриски облици, броење, пресметување, предвидување, решавање проблеми.
Јазик и изразување
- Kомуникација во говорна форма и користење на соодветен вокабулар на македонски и англиски,
- Kористење на визуелизации за поддршка и драматургија на презентациите,
- Kомуницирање и раскажување,
- Oпис на логичен след на настани,
- Kористење на технологија за креирање и пренесување на идеи.